МЦМС имаше успешна 2016 година - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС имаше успешна 2016 година PDF Печати Е-пошта
Петок, 30 јуни 2017 13:29

Новиот состав на Советот на МЦМС на 28 јуни 2017 година ја одржа првата редовна седница на која беше усвоен Извештајот за работа на МЦМС за 2016 година со Финансискиот извештај и Извештајот од независниот ревизор и беа избрани членовите на новиот Управен одбор.

MCMS imashe uspeshna 2016 godina 1

„МЦМС во 2016 г. реализираше 38 проекти, а вкупниот реализиран буџет изнесуваше 178 милиони денари“, рече Гонце Јаковлеска, извршен директор на МЦМС. Таа ги презентираше клучните проектни постигнувања на МЦМС. „Годината ја завршивме со буџет од речиси 2,9 милиони евра или речиси за 50% повеќе во однос на претходната година“, рече Александар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС во презентацијата на Финансискиот извештај. Тој исто така нагласи, дека и оваа година, МЦМС доби „чисто“ мислење од ревизорите, без забелешки на водењето на финансиите.

Членовите на Советот се интересираа за подготвеноста на МЦМС за одговор во итни операции, особено оние кои се однесуваат на мигрантите (бегалците); на тоа како МЦМС го мери влијанието врз целните групи но и пошироко, во општеството и за финансиската одржливост во следните години.

MCMS imashe uspeshna 2016 godina 2

На седницата беа спроведени и избори за Управен одбор. Членовите на Советот со тајно гласање ги избраа новиот состав на Управниот одбор. Него го сочинуваат: Елена Кочоска (Полио плус); Насер Селмани (Здружение на новинари на Македонија); Самет Скендери (ИнСок); Бобан Митевски (МПЦ); Ризван Сулејмани (Институт за политички и меѓукултурни студии); Горан Михајловски (Портал – Сакам да кажам) и Сања Васиќ (МИМ). Членовите на новиот Управен одбор се од редот на граѓанските организации, на црквите и верските заедници, на институциите за истражување и развој, на приватниот сектор и од редот на други и неспомнати предлагачи. Мандатот на новиот состав е четири години, односно до 2021 година.

Пред членовите на Советот беше презентирана и информација за стратешките насоки на МЦМС како подготовка за планирањето на новата стратегија за следниот среднорочен период.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС имаше успешна 2016 година