Стратегија за реформи во комуналниот сектор - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стратегија за реформи во комуналниот сектор PDF Печати Е-пошта
Вторник, 21 октомври 2008 13:44

Врз основа на барањето на Министерството за финансии за изработка на стратегија за реформи на јавните комунални претпријатија, во текот на 2007 година распишан беше тендер за избор на консултант. Финансиер и одговорен за спро¬ведување на проектот беше Светска Банка која после спроведената тендерска постапка, кон крајот на 2007 година за носител на проектот ја избра Британската консултантска компанија Economic Consultting Associates – ЕЦА. Покрај ЕЦА, во конзорциумот на проектниот тим вклучен беше и МЦМС како локален парнер. Преостанатите членови на конзорциумот беа БАР Е.Ц.Е од Македонија, ИГЕ Консалтинг од Унгарија и поголем број на индивидуални консултанти и експерти од различни земји.

lrz401-ziОпшта цел на проектот беше дефинирани стратешки насоки/опции за одржливи реформи на Јавните комунални претпријатија (ЈКП).
Цел на проектот беше изготвена стратегија за реформи на комуналниот сектор во Република Македонија.

Целната група беа сите општини и ЈКП во Република Македонија.

Директни корисници на проектот беа Министерство за финансии, Јавните комунални претпријатија, ЕЛС и другите релевантни министерства во Република Македонија.

Во изработката на стратегијата, МЦМС беше одговорен за: Подготовка на инструменти и прашалници за спроведување на истражувањето; Спроведување на истражувања и фокус групи;  Анализи на истражувањето и резултатите од фокус групите; Мапирање на засегнатите актери; Фацилитација на работилници; Партиципација во изготвување на нацрт стратегијата; Придонес во дијагностицирањето; Давање повратни коментари за финализирањето на стратегијата.

Во рамките на спроведување на истражувањето, реализирани беа анкети на индивидуални корисници (домаќинства) и бизниси во 10 селектирани општини, кои беа примерок на ова истражување. Сите активности поврзани со оваа анкета беа спроведени од ИССПИ, додека фацилитацијата на фокус групите и интервјуата со клучните актери, беше спроведено до страна на МЦМС.

Одговорни за реализација на овие активности беа Сунчица Саздовска и Димче Митрески. Покрај другото, МЦМС обезбеди логистика и консултации за организирање на сите посети и работилници во зависност од потребите на надворешните консултанти.

Реализацијата на предвидените активности примарно беше одговорност на МЦМС во блиска соработка со ЕЦА и другите членови на проектниот тим.

Претпоставка која влијае и придонесува кон остварување на општата цел е: надлежните министерства и општините се посветени во примената на препораките од стратегијата за реформи на ЈКП. Претпоставка на ниво на цел е да има интерес и спремност од општините и ЈКП активно да учествуваат во сите процеси на изготвување на стратегијата.

Соработката со сите партнери, а посебно со Светска Банка беше одлична и дава можност за понатамошна соработка.

Информации за проектот беа доставени до јавноста преку информативните изданија на МЦМС, Светска банка и ЕЦА. Се очекува да се спроведат одредени последователни активности за информирање на јавноста и клучните актери со основните елементи и препораки до самата стратегија.

Стратешкиот документ беше целосно завршен и доставен до Светска Банка и Министерство за финансии во втората половина на ноември 2008 година.

Временскиот период на спроведување на проектот беше 28 јануари–30 ноември 2008 година.

Директните трошоците на проектот изнесуваат 1.055.633,00 МКД. Сите средства се надомест за консултантски услуги од ЕЦА (www.eca-uk.com).

 

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Стратегија за реформи во комуналниот сектор