Новите институционални грантисти на Цивика мобилитас на прв информативен состанок |
Четврток, 07 април 2016 13:08 | |||
Претставници на 20те потенцијални институционални грантисти на Цивика мобилитас, на 6 април 2016 година го имаа првиот информативен состанок. На грантистите накратко им беше презентирана Програмата и пристапот кој се базира на теоријата на промени. Беше потенцирано дека учењето и споделувањето како основа за растење и зајакнување на организациите е многу важно особено што очекувањата се, така создадената критична маса, да придонесе за општествени промени. Беше истакнато и дека искуството на организациите како и добрите пракси може да се користат како ресурс во меѓусебното надградување. Ибрахим Мехмети, од СДЦ потенцираше дека за донаторот е од особен интерес да се зајакне односот на организациите со граѓаните. Тој исто така додаде дека Цивика мобилитас нема посебни барања од грантистите освен да продолжат да го прават тоа што веќе го прават, на најдобар можен начин. Со грантистите беа споделени и досегашните искуства и резултати од институционалните грантисти од првиот повик. Особено беше истакната важноста на видливоста на Цивика мобилитас и доброто презентирање на постигнатите резултати. Потоа беше презентиран Договорот и очекувањата од грантистите, начинот на известување, процесот на доработкана двогодишните планови итн. Промоцијата на новите институционални грантисти се очекува да биде на 17 мај 2016 годин.
|