Новите институционални грантисти на Цивика мобилитас на прв информативен состанок - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Новите институционални грантисти на Цивика мобилитас на прв информативен состанок PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 07 prill 2016 13:08

Претставници на 20те потенцијални институционални грантисти на Цивика мобилитас, на 6 април 2016 година го имаа првиот информативен состанок.

Novite institucionalni grantisti na Civika mobilitas na prv informativen sostanok

На грантистите накратко им беше презентирана Програмата и пристапот кој се базира на теоријата на промени. Беше потенцирано дека учењето и споделувањето како основа за растење и зајакнување на организациите е многу важно особено што очекувањата се, така создадената критична маса, да придонесе за општествени промени. Беше истакнато и дека искуството на организациите како и добрите пракси може да се користат како ресурс во меѓусебното надградување.

Ибрахим Мехмети, од СДЦ потенцираше дека за донаторот е од особен интерес да се зајакне односот на организациите со граѓаните. Тој исто така додаде дека Цивика мобилитас нема посебни барања од грантистите освен  да продолжат да го прават тоа што веќе го прават, на најдобар можен начин.

Со грантистите беа споделени и досегашните искуства и резултати од институционалните грантисти од првиот повик. Особено беше истакната важноста на видливоста на Цивика мобилитас и доброто презентирање на постигнатите резултати.

Потоа беше презентиран Договорот и очекувањата од грантистите, начинот на известување, процесот на доработкана двогодишните планови итн.  Промоцијата на новите институционални грантисти се очекува да биде на 17 мај 2016 годин.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Новите институционални грантисти на Цивика мобилитас на прв информативен состанок