Ромските организации се уште имаат потреба од поддршката на ПРФ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ромските организации се уште имаат потреба од поддршката на ПРФ PDF Печати Е-пошта
Петок, 30 октомври 2015 10:11

Претставници од МЦМС и ИнСоК, кои се дел од тимот на програмата Пристап на Ромите до фондови (ПРФ), преставници од 15 ромски организации, корисници на ПРФ услугите, Надир Реџепи, раководител и Шејла Фидани, програмски раководител на проектот на ОСИ „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МТМ) на 27 октомври 2015 година во просториите на МЦМС разговараа за текот на спроведувањето на активностите, но и за иднината на поддршката од Фондацијата Отворено општество од Будимпешта.

Romskite-organizacii-se-uste-imaat-potreba-od-poddrskata-na-PRF1

Според МЦМС и ИнСоК, активностите се спроведуваат според планот. Беше истакнато дека во периодот од јануари до август оваа година била поддржана подготовката на 30 проектни идеи кои биле развиени во предлог проекти и поднесени кај различни донатори. Во истиот период шест од нив, со вкупен буџет од 185.148 долари биле поддржани, а за 20 со буџет од 2.893.638 долари се чека одговор.

Претставиците на ромските организации, корисници на ПРФ услугите ги пренесоа своите искуства од нивната досегашна соработка со тимот на ПРФ. Сите тие го искажаа своето задоволство и користа од консултантската поддршка која им беше пружена, посебно истакнувајќи го значењето на јакнење на капацитетите на членовите на нивните организации во процесот на заедничка подготовка на апликации, заедно со консултатните на ПРФ. На средбата се разговараше и за тесните грла и предизвиците со кои ромските организациите се соочуваат во нивнато работење. 

Според нив, нивото на развој на ромските организациите се уште бара поддршка од сегашниот вид. Тие сметаат дека барем дел од активностите треба да продолжат на истиот начин, а за дел може да се бара поинаков начин на функционирање, без притоа да се потпираат само на поддршката на ОСИ. Оваа средба беше дел од мониторинг посетата на донаторот ОСИ, Будимпешта, која се реализираше во периодот 26-28 октомври 2015 г.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ромските организации се уште имаат потреба од поддршката на ПРФ