Нефинансискa поддршка на државата за граѓанските организации |
Вторник, 28 април 2015 00:00 | |||
Документ за јавни политики насловен како „Нефинансиски форми на државна поддршка за граѓанските организации од Балканот и Турција“, издаден во април оваа година, го актуелизира значењето на ваквата поддршка. Анализата се осврнува на политичките рамки и на правната и регулатива, како и на достапноста и дистрибуцијата на нефинансиската поддршка за граѓанското општество во регионот. Таа исто така нуди примери на најдобри практики на локално и национално ниво и препораки. Во земјите на Балканот и во Турција најчеста форма на ефинансиска поддршка е бесплатното давање на простории за организирање на настани и состаноци на граѓанските организации. Другите форми кои се практикуваат и на централно и на локално ниво: канцелариска опрема, простории без финансиски надомест или по поволна цена, програми за едукација и обуки за градење на капацитетите на ГО, награди и јавни признанија за проекти и добри практики, консултантски услуги, споделување на информации, материјални донации и други форми на нефинансиски донации. Наодите покажуваат дека основните закони за регулирање на слободата за здружување многу ретко вклучуваат одредби кои ги овозможуваат овие форми на поддршка. Најчесто, подзаконските акти и стратешките документи вклучуваат мерки за подобрување на достапноста и дистрибуцијата на нефинасиската поддршка. Конечно, законите со кои се регулира функционирањето на локалната самоуправа се најчестата правна основа за доделување на овој тип на поддшка. Ова е во согласност со практиките каде што општините се главни обезбедувачи на нефинансиска поддршка. Таму каде што постои правна и политичка основа за доделување нефинансиска поддршка, недостасуваат јасни критериуми и постапки. Земјите од Балканот и Турција треба да создадат национални и локални регистри на јавни простори, да донесат критериуми, мерки и постапки за транспарентна распределба за граѓанските организации. Еден од изворите кои се користат во анализата се извештаите за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во 2013 и 2014 кои во Македонија ги подготвува МЦМС како дел од проектот „Аквис (Acquis) на балканското граѓанско општество – Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“. Секундарните податоци ја опишуваат состојбата со индикаторите на матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество под стандардот - Државата овозможува нефинансиска поддршка. Анализата ја објави Балканската мрежа за развој на граѓанското општество, за да го актуелизира значењето на нефинансиските форми од националната и локалната власт за граѓанските организации во земјите на Балканот и Турција.
|