За овозможувачката околина за развој на граѓанско општество во осум чекори - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

За овозможувачката околина за развој на граѓанско општество во осум чекори PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 20 април 2015 13:10

mmМЦМС  ја преведе, адаптира и објави на македонски јазик брошурата под наслов „Што е овозможувачка околина за развој на граѓанско општество?“.

Брошурата се осврнува на главните елементи кои ја сочинуваат овозможувачката околина, а кои ја вклучуваат правната, регулаторната и финансиската средина во која работат граѓанските организации.

Елементите се опишани во осум чекори кои вклучуваат: основање на граѓанска организација; слобода на собирање и изразување; даночен третман за граѓанските организации и донаторите; како да се дојде до државна поддршка; создавање човечки капитал; рамка за соработка со државата; учество во креирањето политики и донесувањето одлуки и соработка при обезбедување услуги.

Овозможувачката околина подразбира разновиден спектар од услови – економски, политички, општествени, правни и други кои влијаат врз капацитетот на граѓаните да бидат дел од граѓанското општество, индивидуално или колективно. Таа сè повеќе се перципира како клучна за процената на состојбата на граѓанското општество.

Брошурата ја подготви Балканската мрежа за развој на граѓанското општество во рамките на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество-јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“ каде МЦМС е партнер.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести За овозможувачката околина за развој на граѓанско општество во осум чекори