За овозможувачката околина за развој на граѓанско општество во осум чекори - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

За овозможувачката околина за развој на граѓанско општество во осум чекори PDF Print E-mail
Monday, 20 April 2015 13:10

mmМЦМС  ја преведе, адаптира и објави на македонски јазик брошурата под наслов „Што е овозможувачка околина за развој на граѓанско општество?“.

Брошурата се осврнува на главните елементи кои ја сочинуваат овозможувачката околина, а кои ја вклучуваат правната, регулаторната и финансиската средина во која работат граѓанските организации.

Елементите се опишани во осум чекори кои вклучуваат: основање на граѓанска организација; слобода на собирање и изразување; даночен третман за граѓанските организации и донаторите; како да се дојде до државна поддршка; создавање човечки капитал; рамка за соработка со државата; учество во креирањето политики и донесувањето одлуки и соработка при обезбедување услуги.

Овозможувачката околина подразбира разновиден спектар од услови – економски, политички, општествени, правни и други кои влијаат врз капацитетот на граѓаните да бидат дел од граѓанското општество, индивидуално или колективно. Таа сè повеќе се перципира како клучна за процената на состојбата на граѓанското општество.

Брошурата ја подготви Балканската мрежа за развој на граѓанското општество во рамките на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество-јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“ каде МЦМС е партнер.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News За овозможувачката околина за развој на граѓанско општество во осум чекори