Следење на корупцијата и организираниот криминал - документи за јавна политика - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Следење на корупцијата и организираниот криминал - документи за јавна политика PDF Печати Е-пошта
Вторник, 17 Февруари 2015 00:00

Три аспекти од следењето на корупцијата и организираниот криминал презентирани во документ за јавна политика беа промовирани на 16 февруари 2015 година во Скопје.

sledenje-na-vrskata-megju-korupcija-i-organiziran-kriminal-1

sledenje-na-vrskata-megju-korupcija-i-organiziran-kriminalПрвиот документ ја анализира слободата на независното известување, состојбата со истражувачкото новинарство, како и соработката на граѓанските организации со медиумите во следењето и информирањето за корупцијата и организираниот криминал. Во документот се констатира потребата од јакнење на капацитетите на независното и истражувачко новинарство како и на капацитетите на новинарите и граѓанските организации. Потребни им се соодветни алатки, вештини и техники за користење на информациите од јавен карактер, јакнење на новинарските стандарди за известување, подобрување на етичките стандарди, практикување на етичкото истражувачко новинарство и активна улога на Советот за етика.

Вториот документ дава преглед на глобалните и регионалните мерки за следење и процена на заканите од организиран криминал. Во овој дел се анализира Извештајот за процена за закани од сериозен и организиран криминал (SOCTA), како и неговата методологија. На овој начин се проценуваат слабостите и можностите за криминал, специфични за одредени региони и земји-членки на ЕУ, со цел да се понуди алатка и за земјите-кандидати членки на ЕУ, како што е Р. Македонија. Авторите сметаат дека ваквите извештаи им овозможуваат на владите да обезбедат поефективна заштита за државата и за нејзините граѓани од последиците од сериозниот и организираниот криминал. Институционализирањето на постапките за собирање, процена и објавување на информациите може да биде ефективна алатка за справување со организираниот криминал. Дополнително, процените треба да бидат дел од заеднички заложби меѓу различни чинители, а не само на органите за спроведување на законот.

Третиот документ за јавна политика дава преглед на дефиницијата за поврзаноста на корупцијата и организираниот криминал. Во овој дел се анализираат неколку клучни аспекти како што се: корупцијата во судството и организираниот криминал, политичката корупција во судството и организираниот криминал, полициската корупција и организираниот криминал итн. Покрај потребата од оценка на влијанието на антикорупциските политики, авторите констатираат и потреба за подобрување на соработката и споделувањето информации поврзани со корупција, поголем број на обуки и подигнување на свеста меѓу јавните службеници и приватниот сектор.

sledenje-na-vrskata-megju-korupcija-i-organiziran-kriminal-2

Документите за јавна политика се подготвени од Емилија Туџаровска - Ѓорѓиевска од МЦМС и тим на експерти од Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) во рамки на проектот „Борба против корупција и организиран криминал – Ад АКТА. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Следење на корупцијата и организираниот криминал - документи за јавна политика