Нова Стратегија за развој на Југоисточна Европа ЈИЕ 2020 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нова Стратегија за развој на Југоисточна Европа ЈИЕ 2020 PDF Печати Е-пошта
Петок, 31 октомври 2014 00:00

На 20 Октомври 2014 г. како дел од редовниот состанок на Мрежата за лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ), во Софија, Бугарија беше организиран семинар посветен на извршното раководење на граѓанските организации. МЦМС е дел од оваа мрежа и во Софија беше претставуван од Борјан Ѓузелов.

Nova Strategija za razvoj na Jugoistochna Evropa JIE 2020

Присутните имаа можност да се запознаат со новата Стратегија на ЈИЕ 2020: „Вработувања и просперитет во европска перспектива“ и да дискутираат за нејзината имплементација.

Сузана Ивановиќ, од Советот за регионална соработка (РЦЦ) презентирајќи ја Стратегијата истакна дека таа е дизајнирана по теркот на веќе постоечката Стратегија ЕУ 2020, со цел да се одговори на специфичните предизвици во регионот. Базирана е на пет столбови, а еден од нив е „Владеење за развој“ [Governance for Growth], кој пред се е насочен кон антикорупцијата,  владеењето на правото и квалитетот на јавните услуги. Ивановиќ истакна дека антикорупциските мерки предложени во Стратегијата се насочени од засилување на политичката волја, преку зголемена транспарентност и превенција, па се до поголема улога на граѓанското општество.

Главните детали од регионалниот акциски план за спроведување на Стратегијата ЈИЕ 2020 ги презентираше Киро Цветков од Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ). Акцискиот план е базиран на редуцирање на корупцијата во јавната администрација и анализа на корупциските ризици во законодавството што ќе се прави преку градење на капацитетите и подигање на јавната свест.

Настанот е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во југоисточна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавна свест“ кој е финансиран од Европската комисија, Директорат за проширување. Во проектот се вклучени 17 граѓански организации од девет држави од регионот (Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција). Носител на проектот е бугарскиот Центар за изучување на демократијата (ЦСД), а македонски партнери во овој проект, покрај МЦМС се и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нова Стратегија за развој на Југоисточна Европа ЈИЕ 2020