Три проекти селектирани од ромската заедница - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Три проекти селектирани од ромската заедница PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 31 март 2014 00:00

Дебар, Куманово и Шуто Оризари се трите пилот општини во кои ќе бидат селектирани и спроведени вкупно три проекти што претходно ги избрале ромските заедници. Овие проекти ќе бидат насочени кон решавање на барем еден проблем кои ќе послужат како пример за видливи ефекти/корист за оваа заедница.

tri proekti selektirani od romskata zaednica

Ромската заедница во општина Дебар во процесот на селекција се одлучи за реконструкција на кровот на училиштето „Саид Најдени“, во кое настава посетуваат и деца од ромската заедница. Изборот во општина Шуто Оризари падна на изработка на студија со која ќе се направи проценка на проблемите и потребите на општината. Оваа студија потоа ќе биде основа за подготовка на проекти со кои општината ќе бара средства од други донатори. Процесот на селекција во општина Куманово се уште е во тек. Проектите би требало да бидат спроведени до крајот на август оваа година.

Специфична задача на овој проект е да се воспостави одржлив дијалог на локално ниво помеѓу општинската администрација и ромската заедница. Спроведувањето на проектите во овие три пилот општини ќе биде тест за предложениот пристап со кој ромската заедница ќе добие подобрување на условите за живеење, а општинската администрација ќе добие практично решение на еден општински проблем.

Проектот е дел од иницијативата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ поддржана од Фондациите Отворено општество што во Македонија го спроведуваат МЦМС и ИнСОК.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Три проекти селектирани од ромската заедница