Три проекти селектирани од ромската заедница |
Monday, 31 March 2014 00:00 | |||
Дебар, Куманово и Шуто Оризари се трите пилот општини во кои ќе бидат селектирани и спроведени вкупно три проекти што претходно ги избрале ромските заедници. Овие проекти ќе бидат насочени кон решавање на барем еден проблем кои ќе послужат како пример за видливи ефекти/корист за оваа заедница. Ромската заедница во општина Дебар во процесот на селекција се одлучи за реконструкција на кровот на училиштето „Саид Најдени“, во кое настава посетуваат и деца од ромската заедница. Изборот во општина Шуто Оризари падна на изработка на студија со која ќе се направи проценка на проблемите и потребите на општината. Оваа студија потоа ќе биде основа за подготовка на проекти со кои општината ќе бара средства од други донатори. Процесот на селекција во општина Куманово се уште е во тек. Проектите би требало да бидат спроведени до крајот на август оваа година. Специфична задача на овој проект е да се воспостави одржлив дијалог на локално ниво помеѓу општинската администрација и ромската заедница. Спроведувањето на проектите во овие три пилот општини ќе биде тест за предложениот пристап со кој ромската заедница ќе добие подобрување на условите за живеење, а општинската администрација ќе добие практично решение на еден општински проблем. Проектот е дел од иницијативата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ поддржана од Фондациите Отворено општество што во Македонија го спроведуваат МЦМС и ИнСОК.
|