Платформа за борба против корупција: потреба и/или предизвик - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Платформа за борба против корупција: потреба и/или предизвик PDF Печати Е-пошта
Среда, 19 Февруари 2014 13:20

На 13 февруари 2014 година во хотелот Арка во Скопје, МЦМС во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), организираше тркалезна маса на тема „Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата: потреба и/или предизвик?“. На настанот учествуваа 21 претставник од 13 граѓански организации.

platforma za borba protiv korupcija potreba i ili predizvik 1

Емина Нурединоска од МЦМС, даде краток вовед во идејата за здружување на граѓанските организации за борба против корупцијата, а Марија Саздевски ја презентираше Програмата на УСАИД за анти-корупција што ја спроведува МЦМС со партнерските организации. На средбата учествуваше и Руслан Стефанов  од Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија кој ги сподели нивните искуства од воспоставувањето на националната платформа за борба против корупцијата „Коалиција 2000“ и на Регионалната мрежа за добро владеење и интегритет во Западен Балкан и Турција „СЕЛДИ“.

platforma za borba protiv korupcija potreba i ili predizvik 2

Учесниците дискутираа за идејата и за можните предизвици што би се појавиле во иднина при воспоставувањето на платформа на граѓанските организации за борба против корупцијата. Текот на дискусијата покажа дека меѓу присутните постои волја за соработка и здружување кои би воделе кон нивна поактивна улога и со што би дале придонес кон намалување на корупцијата во земјата.

Програмата на УСАИД за анти-корупција е спроведувана од МЦМС во партнерство со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ). Целта на програмата е зголемена информираност и знаење на граѓанските организации и граѓаните за барање отчетност од институциите како и придонес кон нивниот повисок интегритет.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Платформа за борба против корупција: потреба и/или предизвик