| Менаџирање со роковите и стратешкиот континуитет: Осврт на процесот на донесување на новата Национална стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси (2026-2030) |
|
|
|
| Понеделник, 31 август 2026 09:58 | |||
|
Автор: Снежана Камиловска Трповска, Лејла Тутиќ
Поради тоа, МЦМС го подготви документот за јавни политики „Менаџирање со роковите и стратешкиот континуитет: Осврт на процесот на донесување на новата Национална стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси (2026-2030)“. Анализата нотира дека и покрај подобрената методологија и инклузивните консултации со граѓанскиот сектор, процесот претрпе сериозен „информативен молк“ и пробивање на роковите, со што се ризикува кратење на петогодишната рамка на четири години и губење на првата имплементациска година. За надминување на овие предизвици, документот упатува итни препораки до Собранието за усогласување на роковите во Акцискиот план и што поскоро усвојување, до ДКСК за воведување транспарентни механизми за одговор при консултациите и навремено започнување на идната стратегија, како и до граѓанските организации за зајакнување на независниот мониторинг за имплементација на истата. Овој документ за јавни политики е изготвен во рамки на проектот „Градење општество отпорно на корупција“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија.
|