Платформа за борба против корупција: потреба и/или предизвик |
Wednesday, 19 February 2014 13:20 | |||
На 13 февруари 2014 година во хотелот Арка во Скопје, МЦМС во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), организираше тркалезна маса на тема „Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата: потреба и/или предизвик?“. На настанот учествуваа 21 претставник од 13 граѓански организации. Емина Нурединоска од МЦМС, даде краток вовед во идејата за здружување на граѓанските организации за борба против корупцијата, а Марија Саздевски ја презентираше Програмата на УСАИД за анти-корупција што ја спроведува МЦМС со партнерските организации. На средбата учествуваше и Руслан Стефанов од Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија кој ги сподели нивните искуства од воспоставувањето на националната платформа за борба против корупцијата „Коалиција 2000“ и на Регионалната мрежа за добро владеење и интегритет во Западен Балкан и Турција „СЕЛДИ“. Учесниците дискутираа за идејата и за можните предизвици што би се појавиле во иднина при воспоставувањето на платформа на граѓанските организации за борба против корупцијата. Текот на дискусијата покажа дека меѓу присутните постои волја за соработка и здружување кои би воделе кон нивна поактивна улога и со што би дале придонес кон намалување на корупцијата во земјата. Програмата на УСАИД за анти-корупција е спроведувана од МЦМС во партнерство со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ). Целта на програмата е зголемена информираност и знаење на граѓанските организации и граѓаните за барање отчетност од институциите како и придонес кон нивниот повисок интегритет.
|