Има ли верска дискриминација во Македонија? - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Има ли верска дискриминација во Македонија? PDF Печати Е-пошта
Сабота, 30 ноември 2013 15:38

Колку е присутна верската дискриминација и нееднаквост во Македонија? Дали сите верските заедници ги уживаат истите права? Дали еднаквоста во оваа сфера е достижна? Беа само неколку од отворените прашања на дебатата „Слобода на вероисповед: Состојбата и предизвиците на верската дискриминација“ што се одржа на 29 ноември 2013 г. во Скопје во организација на МЦМС.

ima li verska diskriminacija vo makedonija-1

Проф. д-р Беким Кадриу од Тетовскиот универзитет зборуваше за теоретскиот аспект на верската дискриминација во општеството и формите во кои таа се појавува. Тој даде повеќе примери, посебно од европската практика. Според него, иако во Македонија постојат примери на верска дискриминација, повеќето се во индиректна форма. Неговиот став е дека во Македонија нивото на верска дискриминација е ниско односно, во државата постои солиден степен на верска толеранција.

Ирена Митевска, член на Комисијата за заштита од дискриминација ја претстави улогата и  функционирањето на  Комисијата. Иако релативно нова институција Комисијата веќе постапила по неколку претставки на случаи на дискриминација по верска припадност.

ima li verska diskriminacija vo makedonija-2

Во дискусијата што потоа се разви, претставниците на верски заедници посочија дека еден од проблемите со кој се соочуваат е нееднаквиот третман од страна на државата кон сите верски заедници. Тие сметаа дека дел од уставните и законски прописи кои се однесуваат на верските организации треба да бидат разгледани и подобрени и дека дебатирањето е добра форма за постигнување на тие подобрувања. На дебатата беа посочени и имотно-правните проблеми и спорови на верските заедници и неможноста на одредени места да се изградат верски објекти.

Дебатата се организира во рамки на проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ кој го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија преку програмата Прогрес (2007-2013).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Има ли верска дискриминација во Македонија?