Главните предизвици во Југоисточна Европа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Главните предизвици во Југоисточна Европа PDF Печати Е-пошта
Вторник, 12 март 2013 20:02

На 5 март 2013 година Александар Кржаловски и Борјан Ѓузелов, како претставници на МЦМС беа дел од воведната конференција на мрежата за лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа (South-East Europe Leadership for Development and Integrity - SELDI). Дискутирајќи на темата „Добро владеење во југоисточна Европа и Турција: размена на искуствата во борбата против корупција“, граѓанските организации од регионот ги разменија своите национални искуства и истакнаа мерки за постигнување на поголема вклученост на граѓанското општество во борбата против корупција.

glavnite-predizvici-vo-jugoistochna-evropa

SELDI е дел од проектот „Регионална платформа за борба против корупција“, а МЦМС е партнерот од Македонија. Платформата ја сочинуваат  граѓански организации од девет држави од регионот (Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.) Преку активностите од проектот ќе им се зголемат капацитетите на граѓанските организации во регионот за активно следење на политики и активности поврзани со борба против корупција. Целта е граѓанското општество да стане подинамично во соочувањето со тој општествен проблем.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Главните предизвици во Југоисточна Европа