Tuesday, 12 March 2013 20:02 |
На 5 март 2013 година Александар Кржаловски и Борјан Ѓузелов, како претставници на МЦМС беа дел од воведната конференција на мрежата за лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа (South-East Europe Leadership for Development and Integrity - SELDI). Дискутирајќи на темата „Добро владеење во југоисточна Европа и Турција: размена на искуствата во борбата против корупција“, граѓанските организации од регионот ги разменија своите национални искуства и истакнаа мерки за постигнување на поголема вклученост на граѓанското општество во борбата против корупција.
SELDI е дел од проектот „Регионална платформа за борба против корупција“, а МЦМС е партнерот од Македонија. Платформата ја сочинуваат граѓански организации од девет држави од регионот (Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.) Преку активностите од проектот ќе им се зголемат капацитетите на граѓанските организации во регионот за активно следење на политики и активности поврзани со борба против корупција. Целта е граѓанското општество да стане подинамично во соочувањето со тој општествен проблем.
|