Главните предизвици во Југоисточна Европа - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Главните предизвици во Југоисточна Европа PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 12 mars 2013 20:02

На 5 март 2013 година Александар Кржаловски и Борјан Ѓузелов, како претставници на МЦМС беа дел од воведната конференција на мрежата за лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа (South-East Europe Leadership for Development and Integrity - SELDI). Дискутирајќи на темата „Добро владеење во југоисточна Европа и Турција: размена на искуствата во борбата против корупција“, граѓанските организации од регионот ги разменија своите национални искуства и истакнаа мерки за постигнување на поголема вклученост на граѓанското општество во борбата против корупција.

glavnite-predizvici-vo-jugoistochna-evropa

SELDI е дел од проектот „Регионална платформа за борба против корупција“, а МЦМС е партнерот од Македонија. Платформата ја сочинуваат  граѓански организации од девет држави од регионот (Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.) Преку активностите од проектот ќе им се зголемат капацитетите на граѓанските организации во регионот за активно следење на политики и активности поврзани со борба против корупција. Целта е граѓанското општество да стане подинамично во соочувањето со тој општествен проблем.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Главните предизвици во Југоисточна Европа