Ставови на граѓаните за локалните избори 2013 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ставови на граѓаните за локалните избори 2013 PDF Печати Е-пошта
Недела, 10 март 2013 11:19

Подготовка и обработка на податоци: Миша Поповиќ,  Даниела Стојанова
Дата: Март 2013
ISBN: 978-608-4681-07-6
PDF:  graganite-za-lokalnite-izbori-2013.pdf

graganite-za-izborite-2013Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор започнаа низа заеднички актив-ности за Локалните избори 2013, кои вклучуваат истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиуми, на изборна администрација и на денот на гласање.

На јавноста веќе и беше презентирано истражувањето „Профилот на мојот градоначалник“. Денес ви го презентираме воведното истражување на јавното мислење за очекуваната излезност на денот на изборите, проценката за освојување на советнички места, како и рејтинзите на партиите на национално ниво и довербата во политичарите.

Во однос на веројатноста за излегување на гласање за локалните избори на 24 март, 69,2% од граѓаните се сигурни во тоа. Ова е повеќе од претходните три изборни циклуси (63,5 % во 2011 г., 54,6 % во 2009 г. и 49,8 % во 2005 година).

Со оглед на тоа што анкетата е правена на национално ниво (анкетите по општини ќе следат во наредните денови), направена е проценка за соодносот на вкупно освоени гласови за советнички места. На прашањето за која советничка листа ќе гласаат, 25,7 % се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 13,7 % за СДСМ, а следат ДУИ (9,7 %), ДПА (5,0 %) и НДП (1,6 %). Сите други (се појавуваат вкупно 13 субјекти) се со помалку од 1 %. Сепак, треба да се има предвид дека на минатите избори другите (вкл. независните) советнички листи освоиле речиси третина (31,8 %) од гласовите и со тоа – советнички места.

Оваа воведна анкета е искористена и за проверка на рејтингот на политичките партии во случај на парламентарни избори. И тука соодносот е сличен, ВМРО-ДПМНЕ (26,6 %), СДСМ (14,9 %), ДУИ (9,9 %), ДПА (5,6 %) и НДП (1,5 %).

Исто така, испитаниците беа прашани во кој политичар имаат најмногу доверба. Тука, лидерите на петте парламентарни партии ја предводат листата на доверба, со убедлива предност на Никола Груевски (28,7 %), пред Бранко Црвенковски (7,7 %), Али Ахмети (7,5 %), Мендух Тачи (4,3 %) и Руфи Османи (1,5 %). На вака поставеното споредбено прашање (определување за еден политичар) уште Теута Арифи е со доверба над 1 %. Од друга страна, најмногу граѓани (28,9 %) се определиле за одговорот „Ниту еден“.

Истражувањето е направено преку телефонска анкета на 8 и 9 март 2013 година, на репрезентативен примерок од 1.095 испитаници со +/- 3 % грешка.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ставови на граѓаните за локалните избори 2013