Обука за административно работење |
Wednesday, 28 December 2011 17:05 | |||
МЦМС, на барање на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, за вработените во Агенцијата за остварување на правата на заедниците, на 19 и 20 декември ја одржа Обуката за административно работење. Учесниците на обуката имаа можност да слушнат за основите на административното работење и постапување со документацијата. Тие се запознаа со поимот, улогата и значењето на архивското работење; вреднување, прием и распоредување на актите; употреба на печати и штембили; еидентирање на актите во деловодник и архивирање. Практична работа низ вежби имаа и на сите гореспоменати теми. „Обуката беше корисна за нас. Прв пат посетувам ваков вид на обука. Иако не е во моја надлежност да го правам ова, кога би имала можност би го работела и ова. Обучувачите беа јасни и концизни. Од темите, планот за архивски знаци ми беше најинтересен“, вели Ирена Оровчанец. За Сеад Садиковски обуката беше многу квалитетна. „Имав потреба од ваква обука. За овие два дена научив како се примаат предметите, како се регистрираат. Деловодникот и архивирањето на предметите беше интересна тема. Инаку ова што го учевме е и законска обврска на секоја институција“, рече Садиковски. Обуката ја спроведоа Валентина Чичева и Кренар Кука од МЦМС.
|