Вести - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вести
Ајде да решиме заедно! PDF Печати Е-пошта
Петок, 21 ноември 2025 16:25
magazin 1920 x 1080 px 1

„Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“, вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вард [ … ]

 
Ајде да решиме заедно! PDF Печати Е-пошта
Петок, 21 ноември 2025 16:25

„Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40 дена преку протест се бореа против загадувањето од депонијата Вардариште. Иницијативата беше на граѓаните кои побараа чист воздух, здрава животна средина и одговорни институции. Тие јасно ги кажаа своите барања и ги доставија до надлежните институции. Протестот го ставија во мирување дури откако почнаа да се реализираат дел од нивните барања за да им дадат простор на институциите да си ја завршат работата. Но предупредија, „ако процесот застане, ако ветувањата не се исполнат, повторно ќе се вратиме, посилни и побројни од кога било!“

 
Препораки за родова еднаквост и инклузија во македонскиот спорт PDF Печати Е-пошта
Среда, 19 ноември 2025 15:10
Untitled design 7

Рушењето на бариерите во спортот за поголемо вклучување на жените и девојките бара културни, системски и институционални промени. Стратегиите и мерките во полето на спортот треба да овозможат еднакви можности за учество и напредок за жените и девојките, вклучувајќи ги и оние со попреченост. Спортот [ … ]

 
За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 PDF Печати Е-пошта
Среда, 19 ноември 2025 10:39
za shto zboruvaa kandidatite vo izbornata kampanja 1920 x 1080 px 2 1536x864 MCMS

Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот процес, со над 860.000 интеракции. Најинтензивни денови беа 19 октомври и 2 ноември, кога медиумите и јавноста ги сле [ … ]

 
Граѓански импулс #10: месечен осврт на активностите на грантистите PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 17 ноември 2025 11:06
gragjanski impuls10

Октомври беше месец на нови иницијативи и активности кои ја зајакнаа свесноста за животната средина, младинското учество, образованието, здравството и инклузијата.

Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, продолжија актив [ … ]

 


Страна 17 од 298
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести