Вработуваме: координатор на програма и соработник за односи со јавност |
Вторник, 24 ноември 2020 11:38 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува јавен оглас за вработување на 2 (два) работника на определено време од шест месеци, со можност за продолжување до крајот на 2022 година, на работните места:
Двете работни места се во програмата Цивика мобилитас (2019-2022), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:
Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:
Работно време: 40 часа во работна недела. Дневното работно време е флексибилно, со основно работно време од 9 до 15 часот и променливото работно време од 2 (два) часа дневно. Основната бруто плата може да изнесува најмногу 64,000 денари за Координатор на програма, а најмногу 55,000 денари за Соработникот за односи со јавност. Точниот износ ќе се утврди врз основа на искуството на кандидатот и описот на работни задачи. Кандидатите треба да достават:
Документите треба да се достават на следната адреса (преферираме испраќање на документите по електронска пошта): Македонски центар за меѓународна соработка Рокот за поднесување на пријавите e петок, 4 декември 2020 година. По истекот на рокот за поднесување на документи, со кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови, ќе биде спроведено тестирање. Кандидатите со најдобри резултати ќе бидат повикани на интервју. Изборот ќе се изврши во рок согласно Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавени кандидати. |