Вработуваме: координатор на програма и соработник за односи со јавност - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вработуваме: координатор на програма и соработник за односи со јавност PDF Print E-mail
Tuesday, 24 November 2020 11:38

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува јавен оглас за вработување на 2 (два) работника на определено време од шест месеци, со можност за продолжување до крајот на 2022 година, на работните места: 

  • Координатор на програма: Раководење со проектен циклус (вклучително грантови) кој ги опфаќа сите фази вклучително и спроведување проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка;
  • Соработник за односи со јавност: Односи со јавност (подготовка на соопштенија за јавност, промотивен материјал, е-билтени, извештаи,  текстови за програмските активности за јавноста, организирање прес-конференции, координација на подготовка и издавање публикации, осигурување видливост на СДЦ).

vrabotuvanje civica mobilitas1

Двете работни места се во програмата Цивика мобилитас (2019-2022), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

  • Основни познавања за работата на МЦМС и програмата Цивика мобилитас;
  • Комплетирано високо образование;
  • Најмалку пет години работно искуство на проекти за граѓанското општество во Македонија за првата позиција или најмалку 3 години работа во областа односи со јавноста, за втората. 
  • Познавање процедури за раководење на проекти на странски донатори, особено СДЦ, ќе се смета за предност.
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, а познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност.
  • Познавање на административно и канцелариско работење.
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сè одлично познавање на програмите од пакетот на Мајкрософт офис.
  • Возачка дозвола: Б категорија.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • за комуникација (усна и писмена) и презентација; 
  • за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи; 
  • за тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
  • за работа надвор од канцеларија;
  • за уредност и организираност;

Работно време: 40 часа во работна недела. Дневното работно време е флексибилно, со основно работно време од 9 до 15 часот и променливото работно време од 2 (два) часа дневно. Основната бруто плата може да изнесува најмногу 64,000 денари за Координатор на програма, а најмногу 55,000 денари за Соработникот за односи со јавност. Точниот износ ќе се утврди врз основа на искуството на кандидатот и описот на работни задачи.

Кандидатите треба да достават:

Документите треба да се достават на следната адреса (преферираме испраќање на документите по електронска пошта):

Македонски центар за меѓународна соработка
Ул. Никола Парапунов бр. 41а, 1060 Скопје
Или на е-пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Лице за контакт е Борче Јакимовски

Рокот за поднесување на пријавите e петок, 4 декември 2020 година. 

По истекот на рокот за поднесување на документи, со кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови, ќе биде спроведено тестирање. Кандидатите со најдобри резултати ќе бидат повикани на интервју. Изборот ќе се изврши во рок согласно Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Вработуваме: координатор на програма и соработник за односи со јавност