Press Online: МЦМС и ЗЕЛС ќе го промовираат Адресарот на општините во Република Македонија |
Петок, 24 октомври 2008 10:04 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ќе го промовираат „Адресарот на општините во Република Македонија“. Адресарот нуди интересни информации за сите 84 општини и за Градот Скопје. На 246 страници, освен основните контакти се презентирани и демографските податоци на општините, структурната поставеност и податоците за институциите што се под нивна контрола. Адресарот е испечатен на македонски, албански и англиски јазик. Извор: Press Online
|