Вест: Детско игралиште на Бит пазар - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вест: Детско игралиште на Бит пазар PDF Печати Е-пошта
Четврток, 29 март 2001 01:00

Во близина на детската градинка "Раде Јовчевски Корчагин" на Бит пазар, Градот наскоро ќе постави ново детско игралиште што се планира да им стои на располагање на најмладите од овој дел од градот.

Одговорните од градското собрание велат дека ова е шестото детско игралиште кое Градот ќе го постави во рамките на проектот за поставувње детски игралишта што го спроведува од минатата година. Игралиштето беше планирано да се постави многу одамна, но оговорните дури сега ги добија сите потребни дозволи и одобренија. Со него ќе биде заокружен проектот кој Градот го спроведуваше во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Уредувањето и урбанистичката опрема околу игралиштето ќе ги финансира градот, а забавните содржини и посебните катчиња се обезбедени со донација од МЦМС. Досега градот постави вакви игралишта во Центарот на улиците Максим Горки и Орце Николов и во населбите Автокоманда, Топаана и Скопје -Север. (М.И.)

Извор: Вест (29.март.2001)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Вест: Детско игралиште на Бит пазар