Гласачки ставови и перцепции за актуелни политички случувања - ставови на јавноста - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Гласачки ставови и перцепции за актуелни политички случувања - ставови на јавноста PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 јануари 2020 13:54

Автори: Александар Кржаловски, Фанија Ивановска
Дата: декември, 2019
PDFGlasachki_stavovi_i_percepcii_za_aktuelnite_sluchuvanja.pdf

glasacki stavovi i percepciiВо овој извештај се презентирани и анализирани ставовите на граѓаните во Македонија во однос на актуелните политички случувања во земјата, добиени преку испитувањето на јавното мислење во периодот од 15 ноември до 1 декември 2019 година, кое за МЦМС и ИДСЦС го спроведе агенцијата М-проспект. Истражувањето „Гласачки ставови и перцепции за актуелни политички случувања“ е составено од три дела:  Моментални политички случувања во државата, Ставови во однос на изборниот процес и Доверба во политичарите и политичките партии.

Анкетирањето на граѓаните е направено преку теренска анкета, на повеќеслоен стратификуван примерок од 1,000 испитаници постари од 18 години, национално репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и место на живеење. Анкетирањето е правено на македонски и на албански јазик. Сите резултати се подложни на статистичка грешка од 3,1% со прифатливо ниво на доверба од 95%.

Собраните податоци се обработени со честота и пропорција на одговорите. Резултатите се прикажани во графикони на ниво на целиот примерок. Освен со графикони, дел од податоците се прикажани и во табели, особено за значајните демографски фактори. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Гласачки ставови и перцепции за актуелни политички случувања - ставови на јавноста