Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата од страна на јавноста - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата од страна на јавноста PDF Печати Е-пошта
Четврток, 15 септември 2016 13:38

Според „Законот за спречување на корупцијата“, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е специјализирана антикорупциски независна институција. Нејзините надлежности се поврзани со процесот на креирање на политики, следење и надзор, како и соработка со другите државни органи со цел спречување на корупцијата. Иако резултатите од различни испитувања на јавното мислење покажуваат дека граѓаните ја препознаваат ДКСК како главна антикорупциска институција, сепак се чини дека нејзината улога не им е во целост позната на граѓаните и јавната доверба во ДКСК е намалена. 

Општата цел на проектот е да се придонесе во зголемување на транспарентноста, отчетноста и подигање на јавната свест за ефектите од работата на ДКСК.

Целта на проектот е да се следи дали и како ДКСК ги спроведува нејзините законските обврски и каква и колкава е нејзината транспарентноста и отчетноста во борбата против корупцијата.

Целна група се граѓаните на Република Македонија. Директни корисници се Државна комисија за спречување на корупцијата, граѓанските организации членки на Платформата за борба против корупцијата, Специјалното јавно обвинителство, Управата за јавни приходи, медиумите и пошироката јавност. Целно подрачје е територија на Република Македонија.

Очекувани резултати нa проектот се:

  1. Развиена методологија и матрица со индикатори за следење на транспарентноста, одговорноста и ефикасноста на ДКСК и нејзината ефикасност во борбата против корупцијата
  2. Воспоставен механизам за следење на транспарентноста, отчетноста, ефикасноста и ефективноста на ДКСК.
  3. Зголемена јавна свест за работата на ДКСК.

Периодот на спроведување е 1 септември 2016 г. – 31 март 2018 г.

Потребните финансиски ресурси се обезбедени од Британската амбасада во Скопје.

Буџетот изнесува 102.090 британски фунти.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата од страна на јавноста