Подготовка за развојна помош - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подготовка за развојна помош PDF Печати Е-пошта
Петок, 29 јули 2016 15:35

Belgrade 2МЦМС е посветен на прашањето на развојна помош и потребата од зајакнато и активно граѓанско општество и клучните чинители во процесите на воспоставување на стратешки пристап и политики. Во соработка со ТРИАЛОГ, МЦМС од 2006 година работи на вмрежување на организациите, информирање и јакнење на капацитетите, како и регионална вклученост за развојна помош.

Отсуството на активности на граѓанските организации за развојна помош во Македонија од 2011 г. наваму е пред се резултат на стагнацијата на процесот на пристапување кон Европската Унија (ЕУ). Ваквата состојба е тесно врзана со недостигот од стратешки пристап на земјата кон развојната помош, усогласување на законодавството и координација меѓу различните чинители, меѓу кои и граѓанските организации.

Релативно овозможувачката околина во која делуваат граѓанските организации во Македонија, предизвикот на одржливоста и недоволниот интерес на донаторите за активности за развојна помош, влијае на нискиот ангажман на организациите за овие прашања. Потребата за актуализација на прашањето на развојна помош и зајакнување на улогата на граѓанските организации е очигледна имајќи го предвид бегалскиот бран кој ја зафати и Македонија, како и потребата од заеднички придонес кон Глобалните цели за одржлив развој на Обединетите нации.

Проектот „Подготовка за развојна помош“ е регионален проект во кој се вклучени 12 организации. За активностите кои се дел од овој проект е одговорен МЦМС и истите (со исклучок на активност 7) се однесуваат за Македонија и ќе се спроведат во Македонија.

Општа цел на проектот e јакнење на граѓанското општество во државите од Западен Балкан како и нивната вклученост во глобалните напорите за намалување на сиромаштијата и владеење на правото.

Цел на проектот е мобилизирање и поддршка на граѓанските организации за заедничко работење кон зајакнување на свеста во државите кандидати за влез во Европска Унија, како и за потребите од образование за развојна помош и вклученост за меѓународната развојна агенда.

Очекувани резултати од проектот се:

  • зајакнати капацитети на граѓанските организации за информирање на јавноста за глобалните развојни прашања;
  • подобрена координација на граѓанските организации активни во глобалните развојни прашања преку создавање на платформа на национално ниво или пак преку интеграција на развојни мерки во рамки на постоечки мрежи;
  • граѓанските организации се вклучени во политичкиот дијалог на национално и на ниво на ЕУ во политиките за развојна помош, особено во контекст на процесот на проширување на ЕУ;
  • интегрирање на граѓанските организации во работата на Европското граѓанско општество кое е активно во развојната помош.

Активности преку кои ќе се остварат резултати на проектот се:

  • мапирање на граѓански организации вклучени/заинтересирани за застапување за развојна помош;
  • состанок за вмрежување и јакнење на капацитетите на ГО;
  • обука за застапување за прашањето на развојна помош за ГО;
  • тркалезна маса за застапување за развојна помош;
  • подготовка на краток документ за јавни политики;
  • подготовка на студија за развојна помош, информирање, подобрена комуникација и зголемена вклученост во регионот и на ниво на ЕУ.

Периодот на спроведување на проектот е од 1 јануари 2016 година до 30 ноември 2017 година.

Вкупниот буџет изнесува 1.026.400 МКД.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Подготовка за развојна помош