Медиумите за „Профилот на мојот градоначалник“ |
Вторник, 19 Февруари 2013 12:07 | |||
МЦМС и ИДСЦС започнуваат низа заеднички активности за локалните избори 2013, испитување на јавното мислење, набљудување на изборни програми и кампањи, на медиуми, на изборна администрација и на денот на гласање. Како почетна активност беше испитано јавното мислење за карактеристиките кои ќе влијаат на нивниот избор на градоначалник и советничка листа. Следат објавите на медиумите за „Профилот на мојот градоначалник - извештај од анкета на јавното мислење“ Младоста или животното искуство: Каков е профилот на добриот градоначалник?Граѓаните ја бираат младоста пред искуството, барем кога станува збор за профилот на нивниот иден градоначалник, стои во дел од заклучоците на извештајот кој деновиве го објавија Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис”.
Според анкетата, 45% од испитаниците се изјасниле дека сакаат градоначалник кој има помалку од 27 години, наспроти 16% кои се изјасниле дека ќе гласаат за личност постара од 65 години. Извор: Радио МОФ (18.02.2013) Граѓаните сакаат чесни и професионални градоначалнициЗа граѓаните чесноста е најважната вредност што градоначалникот треба да ја поседува. Професионални градоначалници сакаат 40 отсто од граѓаните, млади градоначалници сакаат 45 отсто од анкетираните, а на 56,7 отсто најважна им е квалитетната програмата што ја нудат кандидатите. Извор: Нова Македонија (19.02.2013)
|