Оспособување на жените погодени од конфликтот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Оспособување на жените погодени од конфликтот PDF Печати Е-пошта
Петок, 25 јануари 2013 15:54

2002 Obuka za IR OJ za SOZM005Клучното прашање кое го адресира програмата е ниското учество на жените од етничките заедници во Македонија во пазарот на трудот. Невработеноста подеднакво ги погодува мажите и жените, но вработеноста се карактеризира со многу неповолна полова структура. Оваа структура е непроменета во подолг временски период, пред сѐ, поради нестабилните економско-социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд. Стапките на вработеност и активност во Република Македонија во 2011 г. кај жените се значително пониски во споредба со оние кај мажите, а разликата е уште поголема кај жените од етничките малцински заедници. Ниското учество на жените се објаснува со пониското образовно ниво на жените пред сè од руралните подрачја и традиционалната улога на жените во општеството и домаќинството. За подобрување на учеството на пазарот на жените од етничките заедници од руралните средини потребни се мерки за оспособување кои се во согласност со нивните индивидуални потреби и околности.

Општата цел на програмата е подобрено вработување на жените погодени од конфликтот.

Целта на програмата е поддржан пристап на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

Целна група на програмата се жените од малцинските етнички заедници од регионите погодени од конфликтот. Директни кориснички ќе бидат околу 100 жени, претежно од албанската етничка заедница, но и од турската и ромската, како и жените – Македонки кои биле погодени од конфликтот.

Програмата се фокусира на регионите погодени од конфликтот, поточно целното подрачје го сочинуваат седум општини од овие региони: Липково, Чаир и Сарај, Теарце, Желино, Јегуновце и Маврово и Ростуша.

Резултати предвидени со програмата се:

  1. Идентификувани 500 жени, коишто сакаат да учествуваат во пазарот на трудот;
  2. Обучени и/или советувани 100 жени;
  3. Ангажирани (вработени) 100 жени во локалните претпријатија;
  4. Зајакнати локални граѓански организации и координација со останатите актери кои работат на оспособувањето на жените.

Активности преку кои ќе се спроведе програмата се:

  1. Идентификација на жени погодени од конфликтот (анализа, информативни состаноци, анкета, планови за личен развој);
  2. Обуки и курсеви за развој на основни вештини (англиски јазик, компјутери, вештини за вработување, занимања и сл.);
  3. Обука низ работа; и
  4. Јакнење на партнерите.

Периодот на спроведување е 7 ноември 2012 г. – 6 февруари 2014 г.

Програмата ја спроведува МЦМС во соработка со три партнерски организации: Иницијатива за европска перспектива, Флоренс Најтингел и Рекански бисер. Програмскиот тим е составен од Даниела Стојанова, координатор на програмата, два соработника на проект, тројца помлади соработници на проекти, административен секретар и сметководител.

Програмата вклучува и подразбира активен ангажман на повеќе актери. Во дел од активностите ќе бидат вклучени општинските власти, месните заедници, локалните деловни субјекти и др., како и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Буџетот на програмата изнесува 15.328.703 денари. Програмата е финансирана од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош - Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 и од сопствени приходи на МЦМС.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Оспособување на жените погодени од конфликтот