Медиумите за „Истражување на ИДСЦС во соработка со МЦМС“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Медиумите за „Истражување на ИДСЦС во соработка со МЦМС“ PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 септември 2012 11:01

Институтот за демократија (ИДСЦС), во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во периодот помеѓу 14 -17 Септември 2012 година спроведе телефонска анкета за актуелни прашања. Тема на истражувањето беше мерење на перцепциите и ставовите на граѓаните во врска со актуелни аспекти на политичката криза, поклонување пред споменикот на ОНА во Слупчане и потербата од извинување. Следат објавите на медиумите за „Истражување на ИДСЦС во соработка со МЦМС

Медиум: Сител
Наслов: Анкета: Граѓаните бараат извинување од Бесими за Слупчане
Над 60% од граѓаните на Македонија сметаат дека министерот за одбрана Фатмир Бесими треба да се извини за поклонувањето пред споменикот на борците на ОНА во Слупчане.

Медиум: Вечер
Наслов: Инцидентот во Слупчане не води кон помирување, Бесими да се извини
Според резултатите од анкетата, седум од десет прашани Македонци сметаат дека настанот во Слупчане не води кон помирување, додека осум од десет етнички Албанци имаат позитивен став за поклонувањето пред споменикот на борците на поранешната ОНА.

Медиум: Либертас
Наслов: “Анкетна војна” меѓу Македонците и Албанците за поклонувањето во Слупчане
Најголем дел од граѓаните на Македонија, односно 58 отсто од испитаниците сметаат дека настанот во Слупчане, кога министерот за одбрана Фатмир Бесими се поклони пред споменик на борците на ОНА, не води кон помирување во земјата. За разлика од тоа, 31 отсто имаат спротивно мислење.

Медиум: Канал 5
Наслов: Анкета на ИД: Бесими да се извини за поклонувањето во Слупчане
58 проценти од испитаниците во анкетата на Институтот за демократија сметаат дека поклонувањето на министерот Бесими пред споменикот во Слупчане не придонесува кон помирувањето во земјата.

Медиум: Капитал
Наслов: АНКЕТА НА ИНСТИТУТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА И МЦМС: СЛУПЧАНЕ НЕ БЕШЕ ЧИН НА ПОМИРУВАЊЕ
Поклонувањето на министерот за одбрана Фатмир Бесими на споменикот на борците на ОНА во Слупчане не води кон помирување. Ова го кажува анкетата на Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка според која, 58 проценти одговориле негативно, додека 31 % позитивно за овој настан.

Медиум: А1Оn
Наслов: Анкета на Институт за демократија и МЦМС: Македонците против, Албанците со поддршка за чинот во Слупчане
Поклонувањето на Министерот за одбрана Фатмир Бесими пред споменикот на борците на ОНА во Слупчане не води кон помирување во земјата.

Медиум: Макфакс
Наслов: Преку дијалог во институциите да се надмине кризата, бараат македонските граѓани
Етничките Македонци и Албанци различно гледаат на поклонувањето на министерот за одбрана Фатмир Бесими пред споменикот на некогашната ОНА во Слупчане, но се единствени во ставот дека политичката криза треба да се надмине преку дијалог во институциите.

Медиум: Прес24
Наслов: Анкета: Граѓаните сметаат дека настанот во Слупчане не е чин на помирување
Најголем дел од граѓаните на Македонија или 58 проценти сметаат дека настанот во Слупчане кога министерот за одбрана Фатмир Бесими се поклони пред споменик на борците на ОНА не води кон помирување во земјата, додека 31 отсто имаат спротивно мислење.

Медиум: Sky
Наслов: Анкета на ИДСЦС: Граѓаните бараат кризата да се надмине преку дијалог
Институтот за демократија (ИДСЦС), во периодот помеѓу 14 -17 септември спровел телефонска анкета на која граѓаните се испитуваа во врска со актуелните аспекти на политичката криза.
Испитаниците биле прашани и за тоа како мислат дека кризата треба да се надмине.

Медиум: Максим
Наслов: Анкета: Граѓаните сметаат дека настанот во Слупчане не е чин на помирување
Резултатите од анкетата што ја спровеле Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка покажуваат дека големо мнозинство од испитаниците Македонци, односно секој седми од 10 прашани, сметаат дека поклонувањето пред споменикот на ОНА во Слупчане не придонесува кон помирување, за разлика од испитаните етнички Албанци од кои секој осми од 10 се изјаснил дека тоа е позитивен акт на помирување. Останатите етнички заедници во целина негативно гледаат на овој гест.

Медиум: Инпрес
Наслов: Анкета на ИДСЦС - Половина од испитаниците сметаат дека кризата треба да се надмине преку дијалог
Институтот за демократија (ИДСЦС), во периодот помеѓу 14 -17 септември спроведе телефонска анкета на која се испитуваа ставовите на граѓаните во врска со актуелните аспекти на политичката криза.

Медиум: Плус инфо
Наслов: Анкета на ИДСЦС и МЦМС:Настанот од Слупчане не води кон помирување
Најголем дел од граѓаните на Македонија или 58 проценти сметаат дека настанот во Слупчане кога министерот за одбрана Фатмир Бесими се поклони пред споменик на борците на ОНА не води кон помирување во земјата, додека 31 отсто имаат спротивно мислење.

Медиум: Точка
Наслов: Анкета: Бесими треба да се извини за поклонувањето во Слупчане
Најголем дел од македонските граѓани или 58 отсто сметаат дека чинот на министерот за одбрана Фатмир Бесими со поклонување пред споменикот на борците на ОНА во Слупчане не води кон помирување во земјата, додека 31 отсто имаат спротивно мислење, покажува анкетата на Инститот за демократија (ИДСЦС), спроведена во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Медиум: Журнал
Наслов: Со дијалог да се решат различностите во Македонија
Скопје, 19 септември - Етничките Македонци и Албанци различно гледаат на поклонувањето на министерот за одбрана Фатмир Бесими пред споменикот на некогашната ОНА во Слупчане, но сметаат дека политичката криза треба да се надмине преку дијалог во институциите, покажаи стражувањето на јавното мислење на Институтот за демократија (ИДСЦС), во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во периодот помеѓу 14 -17 Септември.

Медиум: Нова Македонија
Наслов: Бесими сака помирување, но создаде провокација во Слупчане
За државата, чествувањето во Слупчане било приватен настан, бидејќи ниту Владата, ниту Генералштабот не биле информирани за тоа. Опозициски партии го скандализираат случајот, а самиот министер не гледа проблем во неговата мисија на помирување

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Медиумите за „Истражување на ИДСЦС во соработка со МЦМС“