Mедиумите за „Јавната размена на мислења е услов за зрелост на општината“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Mедиумите за „Јавната размена на мислења е услов за зрелост на општината“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 август 2012 00:00

На 19 септември 2012 година, со одржувањето на првата сесија започна буџетскиот форумски процес во општина Аеродром. На сесијата присуствуваа 150 граѓани на општината и гости. Следат објавите на медиумите за „Јавната размена на мислења е услов за зрелост на општината

Извор:  24 Вести
Изјава на Димче Митрески за првата форумска сесија во општина Аеродром

Извор: Нова Македонија
Граѓаните побараа кино, театар, затворен базен…
Бесплатни курсеви за танц, изградба на затворен базен, награда за најдобар просветен работник, видеонадзор во училиштата, вработување на стручни тимови на дефектолози, поставување сончеви колектори на колективните згради, затворање диви депонии, изградба на кино, театар и културно-образовен центар се само дел од предлозите на граѓаните, искажани на првата сесија во Аеродром одржана завчера во рамките на проектот „Форуми во заедницата“.

Според Димче Митрески, извршен директор на МЦМС, она што е специфично за буџетскиот форум е тоа што граѓаните ќе бидат запознаени за тоа како се креира буџетот, од каде доаѓаат приходите, но и самите ќе можат да даваат свои препораки, идеи што ќе бидат вклучени најпрво во програмите на општините, а потоа и во самиот буџет за 2013 година. Вкупниот буџет што е наменет за овој форум изнесува 4,8 милиони денари, средства што по половина ги издвоија општината Аеродром и Швајцарската агенција за развој и за соработка.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Mедиумите за „Јавната размена на мислења е услов за зрелост на општината“