МЦМС избран повторно за новата фаза „Форуми во заедницата“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС избран повторно за новата фаза „Форуми во заедницата“ PDF Печати Е-пошта
Среда, 21 септември 2011 00:00

МЦМС веќе неколку години е една од организациите, која ја спроведува програмата „Форуми во заедницата". Во прилог се написите во медиумите.

Општините ќе добијат проекти вредни еден милион евра

Во вкупно 18 општини во земјава в година ќе се реализираат многубројни проекти вредни околу еден милион евра со кои ќе се подобрува животот на граѓаните и ќе се унапредува локалната демократија. Ова беше потенцирано на вчерашната промоција на програмата „Форуми во заедницата" која веќе трета година се финансира од Швајцарската агенција за развој и соработка - СДЦ, а ја спроведуваат пет организации - МЦМС, АДИ, ЦИР-а, ФООМ и АЛКА. Со проекти од оваа програма ќе се градат инфраструктурни проекти, паркови, детски игралишта и други објекти.

Извор: Дневник

„Форум во заедницата" - зајакнување на граѓанското учество во процесот на одлучување, сесија одржана во Крива Паланка

Зајакнување на граѓанското учество преку претставници од различни општествени, старосни, етнички, професионални, религиозни и други групи од кривопаланечката единица на локалната самоуправа, беше целта на форумската сесија од Програмата „Форуми во заедницата" во твојата општина, одржана синоќа во хотелот „Турист" во Крива Паланка.

Извор: МТВ

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите МЦМС избран повторно за новата фаза „Форуми во заедницата“