МЦМС избран повторно за новата фаза „Форуми во заедницата“ |
Wednesday, 21 September 2011 00:00 | |||
МЦМС веќе неколку години е една од организациите, која ја спроведува програмата „Форуми во заедницата". Во прилог се написите во медиумите.
Општините ќе добијат проекти вредни еден милион евраВо вкупно 18 општини во земјава в година ќе се реализираат многубројни проекти вредни околу еден милион евра со кои ќе се подобрува животот на граѓаните и ќе се унапредува локалната демократија. Ова беше потенцирано на вчерашната промоција на програмата „Форуми во заедницата" која веќе трета година се финансира од Швајцарската агенција за развој и соработка - СДЦ, а ја спроведуваат пет организации - МЦМС, АДИ, ЦИР-а, ФООМ и АЛКА. Со проекти од оваа програма ќе се градат инфраструктурни проекти, паркови, детски игралишта и други објекти. „Форум во заедницата" - зајакнување на граѓанското учество во процесот на одлучување, сесија одржана во Крива ПаланкаЗајакнување на граѓанското учество преку претставници од различни општествени, старосни, етнички, професионални, религиозни и други групи од кривопаланечката единица на локалната самоуправа, беше целта на форумската сесија од Програмата „Форуми во заедницата" во твојата општина, одржана синоќа во хотелот „Турист" во Крива Паланка.
|