Заврши проектот „Градиме партнерства“ |
Петок, 16 септември 2011 00:00 | |||
МЦМС беше ангажиран за спроведување на обуки и работилници од страна на Пелагонискиот плански регион. Во прилог се написите во медиумите. Завршна конференција за проектот „Градиме партнерства"Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион - ЦРППР денеска во Битола одржа завршна конференција за проектот „Институционална надградба и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот регион". Проектот се реализираше под слоганот „Градиме партнерства" и со него директно или индиректно беа опфатени околу 350 професионалци од деветте општини во овој регион и околу 6.170 правни субјекти, посочи Емилиа Героска, директорка на ЦРППР со седиште во Битола.
|