Социјална близина и хоризонтална поврзаност - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Социјална близина и хоризонтална поврзаност PDF Печати Е-пошта
Вторник, 05 јули 2011 13:48

МЦМС спроведе сеопфатна студија на Охридскиот рамковен договор. Дел од таа студија е истражувањето на меѓуетничките односи во Македонија. Истражувањето на меѓуетничките односи ќе биде објавено во четири дела. МЦМС го објави делот 3 „Социјална близина и хоризонтална поврзаност". Во прилог се написите во медиумите.

Секој втор граѓанин е за етничко мешање, секој четврти за мешан брак

Повеќе од половината граѓани на Македонија (59,2 отсто) сметаат дека мешањето по етничка основа во разни области води кон подобри меѓуетнички односи, покажува истражувањето „Свесност за културата и споделена гордост" на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Најголемиот дел од испитаниците дале поддршка за мешање во спортот и забавата, на работното место и во политичките партии, но драстично помала поддршка добиле мешаните бракови.

Извор: Нова Македонија

Рамковниот не промени, ама не не обедини

Албанско знаме прикачено на споменикот на Скендер-бег на влезот од Старата скопска чаршија се вее со месеци наназад. Илјадници граѓани поминуваат покрај него и тоа никого не предизвикува: ниту Албанците на некоја посебна гордост ниту Македонците на некаков револт. Не реагираат ни надлежните институции, иако веењето знаме на странска држава надвор од меѓународните стандарди е забрането. Користењето јасен етнички албански симбол пред десет години не само што беше насловна вест туку предизвикуваше и бурни реакции од граѓаните.

Извор: Нова Македонија

Соживот на гласачкото ливче

Речиси заборавената идеја за создавање предизборни коалиции меѓу македонски и албански политички партии на завчерашниот конгрес на СДСМ одново е вратена во политичкиот живот преку барањето на охридскиот градоначалник Александар Петрески. Во пресрет на следните локални избори тој се заложил за заеднички предизборни настапи меѓу најголемата опозициска партија и некоја од партиите од албански политички блок. Доколку ова се случи, тоа ќе биде првпат во дводецениското практикување на македонскиот политички плурализам граѓаните однапред да знаат кои партии од двата блока имаат блиска соработка. Досега, партнерството меѓу партиите од македонскиот и албанскиот политички блок се исцрпуваше преку „дискретна" соработка во текот на изборите и во постизборното создавање коалиции меѓу победничките партии од двата електората.

Извор: Дневник

Граѓаните најмногу за етничко мешање во спортот, најмалку во браковите

Мнозинството од македонските граѓани (59,2 отсто) сметаат дека мешањето на луѓето по етничка основа во разни области води кон подобри меѓуетнички односи, покажува истражувањето „Свесност за културата и споделена гордост" на Македонскиот Центар за меѓународна соработка.

Најголемиот дел од испитаниците (81,5 отсто) дале поддршка за мешање во спортот и забавата, 71,5% за мешање на работното место, во политичките партии 65,7%, додека најмала поддршка имаат мешаните бракови (26,6 отсто).

Извор: Алфа ТВ

Граѓаните сакаат мултикултура во партиите

Истражувањето што го спроведе невладината организација МЦМС за меѓуетничките односи покажува дека мнозинството граѓани верува дека повеќе мешање на етничките заедници ќе води кон подбри меѓуетнички односи.

Најголема поддршка има за мултикултура во спортот и забавата, потоа следува работното место,посакувана е мултиразличност и во политичките партии , а најмала поддршка добиле мешаните бракови.

Извор: Канал 5

Извештај на МЦМС: Подобри меѓуетнички односи со поголемо меѓусебно дружење

Мнозинството граѓани на Македонија(59.2%) веруваат дека поголемо дружење во сите области ќе води кон подобри меѓуетнички односи. Најголема поддршка за мешање има во областа на спортот и забавата (81,5%), на работно место (71,5%), посакувана е во политички партии (65,7%), а најмала поддршка има за мешани бракови (25,6%).

Извор: Сител

Подобри меѓуетнички односи со поголемо меѓусебно дружење

Мнозинството граѓани на Македонија(59.2%) веруваат дека поголемо дружење во сите области ќе води кон подобри меѓуетнички односи. Најголема поддршка за мешање има во областа на спортот и забавата (81,5%), на работно место (71,5%), посакувана е во политички партии (65,7%), а најмала поддршка има за мешани бракови (25,6%).

Извор: МТВ

Граѓаните најмногу за етничко мешање во спортот, најмалку во браковите

Мнозинството од македонските граѓани (59,2 отсто) сметаат дека мешањето на луѓето по етничка основа во разни области води кон подобри меѓуетнички односи, покажува истражувањето „Свесност за културата и споделена гордост" на Македонскиот Центар за меѓународна соработка.

Извор: Скај

Извор: Макфакс

Извештај на МЦМС: Подобри меѓуетнички односи со поголемо меѓусебно дружење

Мнозинството граѓани на Македонија(59.2%) веруваат дека поголемо дружење во сите области ќе води кон подобри меѓуетнички односи. Најголема поддршка за мешање има во областа на спортот и забавата (81,5%), на работно место (71,5%), посакувана е во политички партии (65,7%), а најмала поддршка има за мешани бракови (25,6%).

Извор: МИА

МЦМС: Повеќе мешање во сите области ќе води кон подобри меѓуетнички односи

МЦМС спроведе сеопфатна студија на Охридскиот рамковен договор. Дел од таа студија е истражувањето на меѓуетничките односи во Македонија. Истражувањето на меѓуетничките односи ќе биде објавено во четири дела. Големо мнозинство (79,4%) од граѓаните има добро лично искуство со другите етнички заедници. Мнозинството граѓани (59.2%) верува дека повеќе мешање во сите области ќе води кон подобри меѓуетнички односи. Дека употребата на македонскиот јазик кај немнозинските заедници обезбедува добра комуникација со мнозинството е став на 79,3% од граѓаните.

Извор: Ефакт

МЦМС: Подобри меѓуетнички односи со меѓусебно дружење

Поголемото дружење во сите области ќе придонесе за подобри меѓуетнички односи, сметаат мнозинството граѓани на Македонија. Дури 59.2%, веруваат дека на тој начин ќе се создаде попријатна атмосфера меѓу граѓаните и подобра комуникација. Најголема поддршка има во областа на спортот и забавата 81,5%, на работно место дури 71,5%, посакувана подобра комуникација има и во политички партии 65,7%, а најмала поддршка има за мешани бракови 25,6%.

Извор: Плус инфо

МЦМС: Меѓусебното дружење ќе ги подоби меѓуетничките односи

Најголема поддршка за мешање има во областа на спортот и забавата (81,5%), на работно место (71,5%), посакувана е во политички партии (65,7%), а најмала поддршка има за мешани бракови (25,6%).

Извор: Курир

МЦМС истражување: Секој четврт граѓанин со поддршка за мешаните бракови

Големо мнозинство (79,4%) од граѓаните има добро лично искуство со другите етнички заедници. Мнозинството граѓани (59.2%) верува дека повеќе мешање во сите области ќе води кон подобри меѓуетнички односи. Дека употребата на македонскиот јазик кај немнозинските заедници обезбедува добра комуникација со мнозинството е став на 79,3% од граѓаните, се вели во истражувањето на меѓуетничките односи во Македонија, а се однесува на социјалната близина и хоризонталната поврзаност на различните етнички заедници во Македонија.

Извор: Пресс 24

Етничката припадност не е важна во спротот, но за брак е

Повеќето македонски граѓани (59,2 отсто) сметаат дека мешањето на луѓето по етничка основа во разни области води кон подобри меѓуетнички односи, покажува истражувањето „Свесност за културата и споделена гордост" на Македонскиот Центар за меѓународна соработка.

Извор: Журнал

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Социјална близина и хоризонтална поврзаност