Свесност за културата и споделена гордост - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Свесност за културата и споделена гордост PDF Печати Е-пошта
Среда, 29 јуни 2011 13:21

МЦМС спроведе сеопфатна студија на Охридскиот рамковен договор. Дел од таа студија е истражувањето на меѓуетничките односи во Македонија. Истражувањето на меѓуетничките односи ќе биде објавено во четири дела: историски односи и стравови, предрасуди и стереотипи; почит на културата и споделена гордост; социјална близина; и општ квалитет на меѓуетничките односи. Сега го објавуваме делот „Свесност за културата и споделена гордост". Во прилог се написите во медиумите.

Фудбалот, независноста и рамковниот ни се заеднички

Заеднички момент на кој подеднакво се радуваат и Македонците и Албанците и помалите етнички заедници е натпревар на домашната фудбалска репрезентација.

Како заеднички, за Македонците и за Албанците, се доживува и Охридскиот договор од 2001 година.

За сите три обележја како заеднички се изјасниле над 65 отсто од граѓаните, анкетирани во истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Извор: Нова Македонија

Мајка Тереза, Борис Трајковски и Александар Велики се заеднички

Најзначајни заеднички настани за сите етнички групи во земјата се фудбалски натпревар на македонската репрезентација, независноста на државата во 1991 година и Охридскиот договор, но не и Илинденското востание и АСНОМ

На македонските за одбрана граѓани им е важно да ја знаат историјата и културата на етничките заедници со кои живеат во заедничка држава. Истражувањето на меѓуетничките односи кое е дел од сеопфатната студија на Охридскиот рамковен договор, што го направи Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС покажува дека за големо мнозинство од 72 отсто од граѓаните е важно познавањето на историјата и културата на другите етнички заедници.

Извор: Вечер

Анкета на МЦМС

Во сеопфатната студија на Охридскиот рамковен договор, спроведена од Македонскиот центар за меѓународна соработка 63.7 отсто од граѓаните овој договор го сметаат како заеднички настан.

За заеднички личности граѓаните ги сметаат Мајка Тереза (78 %), Борис Трајковски (68,4 %), Александар Велики (46,8 %) и Питу Гули (48,1 %). Гоце Делчев и Никола Карев се најмалку прифатливи заеднички личности за етничките Албанци (14,2 % и 11,4 %) и за Турците (22,7 % и 19,7 %).

Извор: А1

Независноста и фудбалската репрезентација – обединувачки фактор на граѓаните

Прогласувањето на независноста и фудбалски натпревар во Македонија се настани што најмногу се доживуваат како заеднички од страна на граѓаните од сите етнички заедници, покажува истражувањето на Македонскиот Центар за меѓународна соработка на тема „Почит на културата и споделена гордост".

Извор: Макфакс

Мајка Тереза, Борис Трајковски и Александар Македонски заеднички личности за сите граѓани

Независноста на Македонија во 1991 (66,8 отсто) и натпревар на македонската фудбалска репрезентација (69,4 отсто), најмногу се доживуваат како заеднички настани од граѓаните од сите етнички припадности во земјавa. Зад нив е Охридскиот рамковен договор за кого го доживуваат како заеднички настан 63,7 отсто од граѓаните.

Ова го покажаа резултатите од сеопфатната студија за Охридскиот рамковен договор што ја спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Организацијата денеска го објави делот посветен на „Свесноста за културата и споделена гордост".

Извор: Курир

Фудбалот ги обединува граѓаните

Прогласувањето на независноста на републиката и фудбалски натпревар во Македонија се настани што најмногу се доживаат како заеднички од страна на граѓаните од сите етнички заедници, покажува истражувањето на Македонскиот Центар за меѓународна соработка на тема „Почит на културата и споделена гордост".

Извор: Журнал

МЦМС: Граѓаните обединети само околу независноста и фудбалот

Независноста на Македонија во 1991 година (66,8 отсто) и натпревар на македонската фудбалска репрезентација (69,4 отсто), најмногу се доживуваат како заеднички настани од граѓаните од сите етнички припадности во земјавa. Зад нив е Охридскиот рамковен договор, кого како заеднички настан го доживуваат 63,7 отсто од граѓаните.

Извор: Плусинфо

Независноста и фудбалската репрезентација – обединувачки фактор на граѓаните

Според истражувањето, прогласувањето на независноста се доживува како заеднички настан кај 66,8 отсто од граѓаните, додека натпревар на македонската фудбалска репрезентација кај 69,4 проценти од испитаниците. За 63,7 отсто од испитаниците таков настан е и Охридскиот рамковен договор. За заеднички настани се доживуваат и Илинденското востание и АСНОМ, со исклучок на албанската и турската заедница.

Прогласувањето на независноста и фудбалски натпревар во Македонија се настани што најмногу се доживаат како заеднички од страна на граѓаните од сите етнички заедници, покажува истражувањето на Македонскиот Центар за меѓународна соработка на тема „Почит на културата и споделена гордост".

Извор: Точка

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Свесност за културата и споделена гордост