Понеделник, 17 септември 2012 00:00 |
Главната улица темелно ќе биде обновена
Проектот е избран како приоритет од граѓаните, а инвестицијата од 4 милиони денари ја обезбедуваат Швајцарската агенција за развој и локалната самоуправа
Најкритичниот дел од главната улица во Kрива Паланка, на локалитетот кај Старата чаршија, конечно ќе биде реконструиран, со што ќе се заврши обновувањето и уредувањето на делницата во централното градско подрачје. Овој проект се реализира како дел од програмата „Форуми во заедницата“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Самите граѓани на Kрива Паланка одбраа со парите од програмата да биде изградена улицата, како најприоритетен проект за општо добро.
Извор: Дневник (17.09.2012) |
Понеделник, 27 август 2012 00:00 |
На 19 септември 2012 година, со одржувањето на првата сесија започна буџетскиот форумски процес во општина Аеродром. На сесијата присуствуваа 150 граѓани на општината и гости. Следат објавите на медиумите за „Јавната размена на мислења е услов за зрелост на општината“
|
Сабота, 11 август 2012 00:00 |
И македонски хомосексуалци не се за геј-парада
Дали треба да има и дали сега е вистинскиот момент за одржување геј-парада во Македонија и дали со неа хомосексуалната заедница полесно ќе ги оствари барањата или уште повеќе ќе се оддалечи интегрирањето на геј-лицата во општеството? Такви дилеми постојат не само во јавноста туку и меѓу геј-популацијата
Извор: Нова Македонија (11.08.2012) |
Сабота, 11 август 2012 00:00 |
Што може тука да смени Рамковниот договор? Ништо. Граѓаните сами прашуваат и сами одговараат. Ниту политичарите, ниту документите не се тие што можат да ги уредат односите меѓу луѓето.
Извор: Радио Слободна Европа (11.08.2012) |
Петок, 10 август 2012 00:00 |
Граѓанските организации поради својата улога во креирањето на јавните политики и јавното мислење неизбежно се допираат со политиката, а евентуалното казнување за дејствување во корист на партијата би значело ограничување на уставното право на слобода на мисла, политичка определба и здружување.
Извор: Дневник (10.08.2012) |