Четврток, 26 декември 2013 12:37 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас Цивили – Скопје (ИДСЦС) за прв пат го спроведоа истражувањето „Глобално водство, соседство и односи со Бугарија“. Подолу се објавите на медиумите поврзани со резултатите од истражувањето.
|
Петок, 01 ноември 2013 15:13 |
МЦМС на 31 октомври 2013 година ја организираше дебатата „Предизвиците на повеќекратната дискриминација“. Дебатата предизвика голем медиумски интерес. Подолу се објавите на медиумите за дебатата.
|
Петок, 23 август 2013 14:59 |
МЦМС по петти пат го спроведе истражувањето за општата доверба и довербата во институциите. Истражувањето покажа пораст на довербата речиси кај сите институции кои беа проверувани, но и пораст на општата доверба. Подолу се објавите на медиумите посветени на истражувањето.
|
Вторник, 19 Февруари 2013 12:07 |
МЦМС и ИДСЦС започнуваат низа заеднички активности за локалните избори 2013, испитување на јавното мислење, набљудување на изборни програми и кампањи, на медиуми, на изборна администрација и на денот на гласање. Како почетна активност беше испитано јавното мислење за карактеристиките кои ќе влијаат на нивниот избор на градоначалник и советничка листа. Следат објавите на медиумите за „Профилот на мојот градоначалник - извештај од анкета на јавното мислење“
|
Среда, 19 декември 2012 10:14 |
Мислења: Роберт Несими
Шаренилото на резултатите од анкетите создаде забуна, не само кај обичниот гласач, туку и кај познавачите на политичките состојби во земјата. Општ консензус е дека анкетите се премногу пристрасни..
|