Говори - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Говори
Различни, а еднакви PDF Печати Е-пошта

Скопје, 16 ноември 2007, Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС

...„Различни, а еднакви – историски предизвик на човечката цивилизација. Граѓанското општество има клучна улога во градење широка национална платформа за еднакви можности. Во 2007 - Европската година за еднакви можности, од овој 6-ти НВО саем, да чекориме кон новиот рамковен договор за сите и да си поставиме цел да го постигнеме до 2009 година. Во Европската година за еднакви можности, исто така мораме да побараме еднаквост за Македонија.

Повеќе...
 
6-ти НВО Саем – Форум на граѓанското општество во Македонија PDF Печати Е-пошта

Скопје, 16 ноември 2007, Даниела Стојанова, соработник на проекти

...„Изминатите НВО Саеми ги посетија околу 40.000 граѓани, како од Скопје така и од другите градови од Република Македонија, а се претставија по околу 200 организации годишно и се
одржаа вкупно 243 форумски расправи.

Повеќе...
 
Улогата на социјалниот и граѓанскиот дијалог во Македонија PDF Печати Е-пошта

Софија, 25-26 јуни 2007, Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС

...„Во претходниот период бевме сведоци на ад-хок дијалог во граѓанското општество со некои успеси на национално и локално ниво. Усвојувањето на Стратегијата е клучна рамка за институционализација на тој дијалог.  Граѓанските организации се вклучувани во советодавните и работните тела на Владата на што реферира и прашањето на проширување на бројот на членови на Економскиот и социјален совет...“

Повеќе...
 
Македонските искуства во финансирањето на граѓанските организации PDF Печати Е-пошта

Скопје, 27 јаунари 2005, Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС

...„Одржливоста на граѓанските организации е во релација со финансискиот и социјалниот капитал. Главните постигнувања се онаму каде финансискиот капитал се надоврзува на социјалниот капитал. Социјалниот капитал е „базата“ или членството и вредностите каде фокусот е на 3К – комуникација, координација и кооперација. Предизвиците на социјалниот капитал се дефиницијата на сопствената улога; меѓусекторските 3К – градење доверба со јавниот и деловниот сектор“...

Повеќе...
 
Македонија: Меѓународната заедница како фактор на стабилизација PDF Печати Е-пошта

Март, 2003, Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС

...„Зошто е успешен мировниот процес во Македонија? Мирот е поддржан од силите и институциите од самата земја; меѓународната заедница обезбеди мултилатерализам; меѓународната заедница имаше интегриран одговор изразен во политички, воени и финансиски мерки; имаше постојано присуство на специјални пратеници. Некои недостатоци на интервенцијата на меѓународната заедница беа: грешката во предвидувањето на иницијалниот конфликт и неговиот развој; немедијативното однесување од страна на некои медијатори; развивањето на „синдром на протекторат“...

Повеќе...
 


Страна 2 од 3

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Говори