Адресар на црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Адресар на црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонија PDF Печати Е-пошта

Одговорен уредник: Дервиша Хаџиќ-Рашиќ
Дата: 2009 година
ISBN: 978-9989-102-96-7
PDF:
  adresar-na-crkvite-verskite-zaednici-i-religioznite-grupi-vo-mk.pdf

Адресар на црквите, верските заедници и религиозните групиОва е второто издание на Адресарот на црквите, верските заедници и религиозни групи во Македонија. Изданието е дел од програмата Меѓурелигиска соработка во Македонија, која Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја спроведува во соработка  со Македонската православна црква, Исламска верска заедница, Католичка црква, Еврејска заедница, Евангелско-методистичка црква, како и другите регистрирани верски заедници.

Адресарот има за цел да ја подобри информираноста кај пошироката јавност за црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонија, како и да ја подобри соработката помеѓу самите верски заедници.

Со донесувањето на новиот Закон за правната положба на црквите, верските заедници и религиозни групи и неговото стапување во сила на 01 Мај 2008 година, регистрирањето на црквите, верските заедници и религиозни групи започна да се води во Основниот суд Скопје II, во единствениот судски регистар на цркви, верски заедници и религиозни групи. Во овој контекст и самите верски заедници кои заклучно со 1998 година биле  регистрирани го задржуваат својот правен субјективитет и статус и автоматски влегуваат во судскиот регистар.

Во периодот кога адресарот е подготвуван, вкупно 18 цркви, верски заедници и религиозни биле регистрирани во единствениот судски регистар. Прашалникот за адресарот е упатен до сите нив. На прашалникот не е одговорила само религиозната група Сатја Саи центар, која е во процес на пререгистрација во здружение на граѓани.

Второто издание на Адресарот ги содржи основните податоци на 17 регистрирани верски заедници (контакт податоци, структура, највисока свештена функција, вид и број на верски објекти, верски обреди, верска поука итн.), како и фотографија од седиштето и позначајните верски објекти. Редоследот на претставувањето на верските заедници во овој адресар е според утврдениот редослед од првото издание на Адресарот во 2004 година.

Се надеваме дека ова издание ќе наиде на широка употреба кај образовните институции чии што интереси се насочени кон религиозни прашања, како и домашните и меѓународните граѓански организации чиишто интереси се насочени кон човечките и религиозните права.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Соработка Линкови