МЦМС ќе работи во три нови општини - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС ќе работи во три нови општини PDF Print E-mail
Thursday, 20 August 2009 12:01

Програмата “Форуми во заедницата“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) продолжува со реализација на активностите во нови општини. Третиот циклус од програмата ќе започне во септември 2009 година.

МЦМС ќе работи во три нови општини

Во периодот од 15 месеци ќе се реализираат Форуми во 12 општини: Аеродром, Берово, Радовиш, Конче, Крушево, Струмица, Могила, Новаци, Гостивар, Дебар, Македонски Брод и Боговиње. Досега во програмата се вклучени вкупно 25 општини, вклучително и претходно споменатите општини. Три типа на Форуми ќе се организираат во овој циклус: Форум во заедницата, Меѓуопштински форум и  Буџетски форум.

МЦМС ќе работи во општините Радовиш/Конче, Берово и Аеродром. Останати организации спроведувачи се: ФИООМ, ЦИРа, АДИ и Алка.

Вкупниот буџет за тековниот циклус изнесува 64 милиони денари, од кои 17.5 милиони денари се учество на општините, а 46.5 милиони денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Овие средства ќе се искористат во конкректни одржливи проекти што ќе имаат социо-економско влијание врз целата заедница.

Во изминатите два циклуса МЦМС беше вклучен во општините Карбинци, Битола и Ресен.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News МЦМС ќе работи во три нови општини