Насоки за ефикасно управување и раководење на ГО |
Monday, 31 August 2020 12:32 | |||
Колку подобро сме внатрешно организирани, толку повеќе и поуспешно ќе дејствуваме во нашата заедница! Дали се сложувате со ова тврдење? Имено, граѓанските организации не секогаш доаѓаат до одговори на прашањата кои се важни за успешно раководење и управување во здруженијата. За таа цел ги подготвивме Насоките за ефикасно управување и раководење на ГО. Тие се производ на најважните научени лекции од следењето на грантовите шеми од програмата „Одржливо граѓанско општество - државно финансирање на ГО“. На овој начин се издвојуваат најчувствителните прашања во однос на следењето на принципите на добро управување кои произлегоа од следењето на работата на грантистите. Публикацијата ги опфаќа темите на: судир на интерес, издвојување на органите на управување, управување со човечки ресурси, одговорно финансиско работење, итн. Доколку граѓанските организации соодветното се прилагодат и ги применуваат дадените Насоки, тие ќе бидат поотчетни и потранспарентни. Застапување за отчетни и транспарентни граѓански организации!
|