Перцепцијата на дискриминацијата е „порозова“ од реалноста - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Перцепцијата на дискриминацијата е „порозова“ од реалноста PDF Print E-mail
Tuesday, 15 September 2009 10:04

МЦМС денес го промовираше истражувачкиот извештај Барометар за еднакви можности чии авторки се проф. д-р Виолета Петроска Бешка проф. д-р Мирјана Најчевска.

Перцепцијата на дискриминацијата е „порозова“ од реалноста

„Перцепциите не секогаш се поклопуваат со фактичката состојба“, рече проф. Бешка, „но без разлика, тие се многу важни“.Истражувањето беше фокусирано на: перцепцијата на дискриминацијата, на искуствата и борбата против дискриминацијата, на познавањето на правата како и ставот кон еднаквите можности за вработување.

Во посебен дел од извештајот направена е анализа на податоците низ призмата на досегашните искуства или како што рече проф. Најчевска, „обид да се проблематизира сликата од извештајот“. Таа уште направи и врска помеѓу податоците од извештајот и актуелните напори за донесување Закон за недискриминација и формирање посебно тело за еднаквост.

Перцепцијата на дискриминацијата е „порозова“ од реалноста

Истражувањето е дел од програмата Прогрес на Европската комисија што заедно ја спроведуваат Полио плус, МЦМС, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Министерството за труд и социјална политика.

Анкетата е направена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во соработка со Брима од Скопје на примерок од 1.606 испитаници. Истражувани се перцепциите, ставовите, познавањата и свесноста за дискриминација по следните основи: пол, етничка припадност, религија или уверување, возраст, инвалидност (односно попреченост во развојот), сексуална ориентација и партиска припадност.

Повеќе може да видите во прес соопштенијата поврзани со истражувањето:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Перцепцијата на дискриминацијата е „порозова“ од реалноста