Отворен повик за избор на обучувачи |
Wednesday, 26 August 2020 11:40 | |||
Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, распишува отворен повик за избор на обучувачи за спроведување на програмата за градење капацитети на граѓанските организации. Една од главните цели на Граѓанскиот ресурсен центар е обезбедување услуги за градење капацитети на граѓанските организации за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери во македонското општество. За остварување на оваа цел е подготвена Програмата за градење на капацитети врз основа на анализата на потребите на организациите. Обуките од Програмата за градење капацитети ќе бидат спроведени во текот на октомври – декември 2020. Секоја обука е планирано да трае по два работни дена и избраниот обучувач ќе има вкупно ангажман од 4 работни дена по обука, односно 1.5 дена за подготовка на обуката, два дена за спроведување и половина ден за известување. Успешните кандидати треба да ги задоволуваат следните критериуми:
Следат детали за темите за кои се потребни обучувачи: Обука за генерирање на фондови Целта на обуката е учесниците подетално да се запознаат со различните можности за финансирање на ГО како и различните методи, техники и алатки за подготвување на стратегии и планирање на активности за мобилизирање ресурси. На обуката треба да бидат покриени следните теми: алатки, методи и вештини за генерирање на фондови; идентификување потенцијалните можности за финансиска одржливост на организацијата/извори, форми, активности за генерирање фондови; стратегии за мобилизирање на ресурси, финансиска одржливост и диверзификација на приходите во организацијата; акциски план за финансиска одржливост и сл. Обука за управување со проекти Целта на обуката е учесниците заедно со обучувачот да го поминат процесот на спроведување на проект. Ова е напредна обука на која учесниците треба да се стекнат со теоретско и практично знаење на теми како: проектно планирање, проектна администрација, проектно управување со буџет, финансиско и наративно известување, мониторинг и евалуација итн. Фокус на обуката треба да се стави на спроведување и управување со проекти финансирани од Европската Унија. Обука за добро управување на граѓанска организација Обуката има за цел да придонесе кон зајакнување на капацитетите на организациите за подобри практики на добро управување на ГО. На обуката учесниците треба да се стекнат со продлабочени знаења за теми како: елементи и процеси на управување со организацијата; улога на управните органи; односи меѓу извршни и управни органи; транспарентност и отчетност, судир на интерес и сл. Дополнително, на обуката учесниците треба подетално да се запознаат и со контекстот во кој делуваат организациите во државата. Обука за институционален развој и организациско јакнење Обуката има за цел да придонесе кон јакнење на капацитетите на граѓанските организации за подобра примена во пракса на алатките за нивно организациско јакнење и институционален развој. На обуката учесниците треба подетално да се запознаат со главните елементи на организацијата, институционална и организациска анализа, стратешка ориентација и планирање и сл. Обука за тематско вмрежување, градење партнерства и коалиции Целта на обуката е учесниците да ги осознаат преку практични примери методите и начините на вмрежување и креирање и управување со партнерства и коалиции. Учесниците, преку практични примери, треба да се стекнат со продлабочено знаење за организациска поставеност и структура на мрежи, механизми за саморегулација на мрежи, кодекс и систем на отчетност, внатрешна и надворешна комуникација и соработка, фактори на успешност на партнерствата и коалициите, мапирање на потенцијални партнери и сл.
Постапка за изразување интерес Со цел да се пријавите за обучувач на некоја од горенаведените теми, треба да испратите:
Рок за пријавување на отворениот повик е 10 септември 2020 година. Целосната документација за изразување интерес треба да биде испратена на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Доколку имате прашања поврзани со повикот може да ги поставите на: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it до 3 септември 2020 година. Изборот на обучувачи ќе биде направен на крајот од септември 2020 година врз основа на претходно утврдени критериуми.
|