Струмичките организации побараа децентрализација на фондовите - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Струмичките организации побараа децентрализација на фондовите PDF Print E-mail
Tuesday, 02 October 2018 14:50

Поголем пристап до фондови, повеќе достапни информации како да дојдат до нив, поголемо присуство во јавноста на каузата и тековните активности се дел од приоритетните потреби кои ги истакнаа активистите на граѓанските организации од Струмица на средбата со тимот на Мобилниот ресурсен центар, одржана во просториите на организацијата „Избор“. 

Strumichkite organizacii pobaraa decentralizacija na fondovite

Тие сметаат дека преку нивното поголемо присуство во медиумите полесно ќе се афирмираат, особено меѓу младите луѓе, кои би пристапиле како нивни членови или волонтери. Освен тоа, струмичките организации реагираа на концентрацијата, поголемите можности и влијанието на оние организации кои се лоцирани и основани во Скопје и побараа поголема децентрализација.

Во текот на средбата, тимот на Мобилниот ресурсен центар ги претстави своите активности, кои целосно се насочени кон заживување на граѓанскиот сектор преку повеќе типови на помош, вклучувајќи и обуки. Посебен акцент на крајот од средбата се даде на промоција и видливост на проектните активности на граѓанските организации кои спроведуваат проекти финансирани од ЕУ.

Во рамките на посетата на Струмица, претставниците на ресурсните центри на Скопје и Штип имаа средба и со Тони Милушев, раководител на Одделението за локален економски развој на општината Струмица. Заклучокот е дека соработката меѓу општината и граѓанскиот сектор е неопходна во функција на унапредување на заедницата.

Целта на овие средби е да се слушнат потребите на организациите за нивно подобро делување во заедницата. Истовремено, тие се во функција на запознавање на граѓанските активисти и нивните организации со работата на Граѓанскиот ресурсен центар, со фокус на центарот во Штип и поддршката што можат да ја добијат.

Вакви средби се предвидени во повеќе општини во Македонија, во рамките на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа Плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Струмичките организации побараа децентрализација на фондовите