Управување со ризик во граѓански организации- чекор поблиску до навремени и соодветни решенија! - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Управување со ризик во граѓански организации- чекор поблиску до навремени и соодветни решенија! PDF Print E-mail
Wednesday, 01 July 2020 00:00

Обуката за управување со ризик во граѓанските организации им помогна на 19 учесници да ги зајакнат капацитетите на нивните организации за предвидување и управување со ризици. Таа се одржа од 19 до 29 јуни преку онлајн платформата ЗООМ.

20200630 dfg vest

Обучувачката Вероника Вoлдан ја потенцираше важноста од проценката на ризик, како  и воспоставувањето и практикувањето на функционални системи за управување со ризик  од страна на организациите. Учесниците имаа шанса да подготват листа со 10 ризици релевантни за нивната организација, а дел од нив ги внесоа во матрицата – регистер за проценка на ризик. Исто така, тие се запознаа и со процесот на подготовка на план за управување со ризици што претставува сет на активности кои организациите ги спроведуваат со цел да ги идентификуваат, да ги анализираат и ублажат ризиците. На организациите ова ќе им помогне предвреме да се подготват за ризиците и да најдат можни решенија со што ќе ја оптимизираат својата работа, односно подобро ќе ги искористат ресурсите, ќе го зголемат перформансот и ќе да ги намалат можните штети врз нивните вработени и конституенти.  

„Прекрасен практичен курс– и лично и професионално. За време на обуката имавме многу можности да поставуваме прашања и да разговараме за примери од реалноста со која се соочуваме. Се ова заедно направија да имаме навистина пријатна и информативна обука. Кратка но фокусирана и на место.“- изјава на Маја Лостова, финансиски менаџер во Хелветас-Швајцарска интеркооперација.

Обуката ми ги искристализира поимите ризик и тековен проблем и ме научи како да не ги мешам во идното менаџирање и планирање во ЦЕФЕ Македонија. Исто така едноставните матрици за предвидување на ризици се значаен ресурс за нас. Ова знаење послужи и како градење на капацитети и на двата нови центри за претприемништво на “ЦЕФЕ Исток” во Штип и “ЦЕФЕ Струмица“- изјава на Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија.

Поради настанатата ситуација со Ковид-19, методологијата на работа беше комбинација на следење на претходно снимени видео сесии и во живо ЗООМ сесии, а со цел да се запази интерактивното вклучување на учесниците за успешно завршување на обуката. Обуката ја водеше Вероника Волдан, консултант за проекти во ЦНВОС – национална мрежа на граѓански организации во Словенија, која има повеќе од 15 години искуство во управување со  програми и градење на капацитетите на организациите во Словенија и регионот.

Обуката се реализираше во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија. 


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Управување со ризик во граѓански организации- чекор поблиску до навремени и соодветни решенија!