Дистрибуција на облека во транзитниот центар „Винојуг“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дистрибуција на облека во транзитниот центар „Винојуг“ PDF Print E-mail
Wednesday, 06 January 2016 00:00

МЦМС изврши дистрибуција на зимска облека за бегалците во транзитниот центар „Винојуг“ кај Гевгелија. Покрај зимски јакни и чизми, за бегалците беа обезбедени и дистрибуирани и чорапи, шалови, капи и ракавици.

Begalci 3

МЦМС дневно ги следи потребите на бегалците на терен и постојано се координира со останатите релевантни чинители. На основа на таа координација ќе се набавуваат продукти (јакни, чевли, кабаници, ранци, вреќи за спиење, ќебиња и сл. ) за кои има најголема потреба. 

Продолжија и активностите за обезбедување на електрична енергија во транзитниот центар „Табановце“. Во овој момент најголем дел од транзитниот центар има напојување со струја. 

Begalci 2

Овие активности се дел од одговорот на МЦМС на бегалската криза со која се соочи Македонија како транзитна земја. Проектот „Поддршка за бегалците во Македонија“ започна да се спроведува во почетокот на ноември 2015, а ќе трае до крајот на март 2016 година. Финансиската поддршка е обезбедена од НЦА (Norwegian Church Aid)  која е членка на Акт Алијансата (Act Alliance).

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Дистрибуција на облека во транзитниот центар „Винојуг“