Дистрибуција на облека во транзитниот центар „Винојуг“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дистрибуција на облека во транзитниот центар „Винојуг“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 06 janar 2016 00:00

МЦМС изврши дистрибуција на зимска облека за бегалците во транзитниот центар „Винојуг“ кај Гевгелија. Покрај зимски јакни и чизми, за бегалците беа обезбедени и дистрибуирани и чорапи, шалови, капи и ракавици.

Begalci 3

МЦМС дневно ги следи потребите на бегалците на терен и постојано се координира со останатите релевантни чинители. На основа на таа координација ќе се набавуваат продукти (јакни, чевли, кабаници, ранци, вреќи за спиење, ќебиња и сл. ) за кои има најголема потреба. 

Продолжија и активностите за обезбедување на електрична енергија во транзитниот центар „Табановце“. Во овој момент најголем дел од транзитниот центар има напојување со струја. 

Begalci 2

Овие активности се дел од одговорот на МЦМС на бегалската криза со која се соочи Македонија како транзитна земја. Проектот „Поддршка за бегалците во Македонија“ започна да се спроведува во почетокот на ноември 2015, а ќе трае до крајот на март 2016 година. Финансиската поддршка е обезбедена од НЦА (Norwegian Church Aid)  која е членка на Акт Алијансата (Act Alliance).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Дистрибуција на облека во транзитниот центар „Винојуг“